2 Летописи 19 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јосафат изобличен и повратен.

1Кога Јосафат, царот јудејски, се враќаше со мир во домот свој во Ерусалим,

2излезе да го пресретни јановидецот Јуј, син Ананиев, и му рече на царот Јосафата: »Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што Го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе.

3Но добро се најде во тебе, зашто ти ги истреби идолите во земјата Јудејска и го расположи срцето свое за да Го побараш Бога.«

4Јосафат живееше во Ерусалим. И пак почна да го обиколува народот свој од Вирсавија до Ефремовата гора, и ги поврати кон Господа, Бога на татковците нивни.

5И постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јудеја, во секој град,

6па им рече на судиите: »Внимавајте што правите; вие вршите не суд човечки, туку суд Господов; во судската работа Бог е со вас.

7Затоа стравот Господов нека биде врз вас: работете внимателно, зашто кај Господа, нашиот Бог, нема неправда, ни лицемерие, ниту примање дарови.«

8Јосафат и во Ерусалим постави некои левити и свештеници и старешини на домовите татковски во Израилот – за суд Господов и за тужби. И се вратија во Ерусалим.

9Тогаш им заповеда, велејќи: »Така работете со страв Господов, со верност и со чисто срце:

10при секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господа, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.

11И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Завадија, синот Измаилов, кнез на Јудиниот дом, – за секоја царска работа, а и книжниците и левитите се пред вас. Бидете црвсти и работете, и Господ ќе биде со добриот.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help