1 Летописи 23 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Бројот на левитите и нивната служба.

1Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израилот синот свој Соломона.

2И ги собра сите кнезови израилски, свештениците и левитите;

3а левитите од триесет години и нагоре беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души.

4Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии – шест илјади,

5четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Господа со свирки, направени од Давида за прославување на Господа.

6И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови – Гирсона, Ката и Мерарија.

7Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.

8Синови Ладанови: прв Јеил, Зетам и Јоил – тројца.

9Синови Семееви: Саломит, Азиил и Арам – тројца. Тие беа Ладанови родовски старешини.

10А и уште синовите Семееви: Јет, Зизај, Јоас, Верија. Тоа беа синови Семееви – четворица.

11Јед беше главен, Зизај втор; Јоас и Верија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.

12Синовите Катови: Амврам, Исар, Хеврон и Озил – четворица.

13Синовите Амврамови: Арон и Мојсеј. Арон беше определен да биде посветен при Свјатаја Свајтих довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господа, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.

14А Мојсеј, човек Божји, и синовите негови беа придодадени кон Левиевото племе.

15Синови Мојсееви: Гирсон и Елиезер.

16Синови Гирсонови: прв беше Суваил.

17Синови Елиезерови беа: прв Равија. Други синови Елиезер немаше; а Равија имаше многу синови.

18Синови Исахарови: прв Салумот.

19Синови Хевронови: прв Јериав, втор Амарија, трет Јазиил и четврти Језекија.

20Синови Озиилови: прв Миха и втор Јесија.

21Синови Мерариеви: Моли и Муси. Синови Молиеви: Елеазар и Кис.

22Елеазар умре и немаше синови, туку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.

23Синови Мусиеви: Моли, Едер и Јаримот – тројца.

24Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени поименично, сите до еден, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.

25Зашто Давид рече: »Господ, Бог Израилев, му даде мир на својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,

26та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.«

27Затоа, според последните Давидови заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,

28за да бидат при синовите Аронови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да вршат секоја служба во Божјиот дом;

29да ги надгледуваат лебовите на предложението, пченично брашно за лебен принос, пресни пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини;

30да почнуваат секое утро да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,

31при сите сепаленици, принесувани на Господа во саботни дни, во новомесечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, – постојано пред лицето на Господа, –

32и да ја пазат скинијата на сведоштвото, светилиштето и синовите Аронови нивни браќа, при службите во домот Господов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help