1По Авимелеха се крена да го спаси Израилот Тола, синот на Фуј, син Додов, од Исахарово племе. Тој живееше во Самир, на гората Ефремова.
2Тој беше судија над Израилот дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Самир.
3По него се крена Јаир од Галад, кој беше судија над Израилот дваесет и две години.
4Тој имаше триесет и два сина, кој јаваа на триесет и две ослиња, и тие имаа триесет и два града, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галадската земја.
5Умре Јаир и беше погребан во Камон.
6А Израилевите синови пак почнаа да вршат зло пред Господа и им служеа на разни Вааловци и Астарти, на боговите сириски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите амонитски и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа.
7И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он ги предаде во рацете на Амонитите.
8Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израилевите синови осумнаесет години по ред, сите Израилеви синови од онаа страна на Јордан во Аморејската земја, кој е во Галад.
9Најпосле Амонитите го преминаа Јордан, за да војуваат против Јуда и Венијамина и против домот Ефремов. И синовите Израилеви беа на големи маки.
10Па повикаа синовите Израилеви кон Господа и рекоа: »Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.«
11И Господ им рече на Израилевите синови: »Не ве угнетуваа ли Египтјаните и Аморејците, Амонитите и Филистејците,
12Сидонците, Амаликијците и Моавците и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?
13А вие Ме оставивте и почнавте да им служите да други богови; затоа нема повеќе да ве спасувам;
14одете, повикајте ги боговите, што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.«
15Тогаш синовите Израилеви Му рекоа на Господа: »Згрешивме; прави со нас сѐ што Ти е угодно, само спаси нѐ сега.«
16И ги отфрлија од себе туѓите богови и почнаа да Му служат само на Господа. И не ги истрпе душата Негова страдањата Израилеви.
17Амонитите, пак, се собраа и се сместија, се улогорија во Галад; исто така се собраа и Израилевите синови и се улогорија во Масифа.
18Народот и началниците галадски се рекоа еден на друг: »Кој ќе почна војна против Амонитите, тој нека биде началник на сите галадски жители.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
