1Дојдете да се возрадуваме во Господа и да воскликнеме кон Бога, Спасителот наш;
2да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме,
3зашто Бог е велик Господ и Цар голем по целата земја.
4Зашто во Неговите раце се сите краишта на земјата, а горските височини се исто така Негови.
5Бидејќи Негово е морето, и Он го создаде, а рацете Негови го создадоа и сувото.
6Дојдете, да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец;
7зашто Он е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас!
8»Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, во деновите на искушението во пустињата,
9каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа и ги видоа делата Мои.
10Четириесет години негодуваа против тој народ и реков: овие луѓе се заблудуваат во срцето свое и не ги познаа патиштата Мои,
11па затоа се заколнав во гневот Свој, дека тие нема да влезат во Мојот мир.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
