1По тие настани еве што се случи: Израелецот Навутеј имаше во Језраел лозје до дворецот на самарискиот цар Ахав.
2Ахав му рече на Навутеја, велејќи: »Дај ми го лозјето свое; тоа ќе ми биде овоштарник, бидејќи е близу до мојот дом, а место него ќе ти дадам поубаво лозје од тоа, или, ако сакаш, ќе ти дадам сребро, колку што чини тоа.«
3Но Навутеј му одговори на Ахава: »Да ме чува Гсопод да ти го дадам наследството од татковците свои.«
4Ахав се врати во домот свој возбуден и огорчен од зборовите, што му ги беше кажал Језреелецот Навутеј, велејќи: зар да ти го дадам наследсвото од татковиците свои. Душевно збркан, легна на постелата своја, си го сврти лицето и не јадеше леб.
5При него влезе жена му Јазавела и му рече: »Зошто си збркан со духот, па и леб не јадеш?«
6Тој ѝ одговори: »Кога му спомнав на Језреелецот Навутај и му реков: ‚дај ми го лозјето за сребро, или, ако сакаш, да ти дадам друго лозје место него‘, – тој ми одговори – не ти го давам лозјето свое, наследство од татковците мои.«
7Тогаш жена му Јазавела му рече: »Какво царство ќе биде во Израилот, ако ти постапуваш така? Стани, јади леб и биде спокоен; јас ќе го земам лозјето од Језреелецот Навутеј.«
8И таа напиша писма од името на Ахава, ги запечати со неговиот печат и ги испрати до старешините и големците што живееја со Навутеја, во градот негов.
9Во писмата таа пишуваше вака: »Објавете пост и поставете го Навутеја пред народот;
10и спроти него ставете двајца лоши луѓе, што ќе сведочат против него и да кажат: ‚Ти хулеше на Бога и на царот.‘ И потоа изведете го и убијте го со камења, та да умре.«
11Тогаш мажите на неговиот град, старешините и големците, што живееја во градот негов, направија како што им заповеда Језавела, така, како што беше напишано во писмото, што го беше испратила до нив.
12Објавија пост и го поставија Навутеја пред народот;
13па излегоа двајца лоши луѓе, седнаа спроти него и сведочеа против него пред народот и велеа: »Навутеј хули на Бога и на царот.« Па го изведоа надвор од градот, го убија со камења, и тој умре.
14Испратија да ѝ кажат на Језавела: »Навутеј е убиен со камења и умре.«
15Кога чу, дека Навутеј е убиен со камења и умрел, Језавела му рече на Ахава: »Стани и завладеј со лозјето на Језреелецот Навутеја, кој не сакаше да ти го даде за сребро, бидејќи Навутеја го нема меѓу живите, тој умрел.«
16Кога чу, дека Језреелецот Навутеј бил убиен, Ахав ја раскина облеката своја, стави вреќиште врз себе, а потоа стана и отиде во лозјето на Језреелецот Навутеј и го завладеа.
17Тогаш би словото Господово кон Тесвитецот Илија:
18»Стани и пресретни го израилскиот цар Ахава, кој е во Самарија, – ете, сега е во лозјето на Навутеја, каде што дошол да завладее, –
19и кажи му: ‚вака вели Господ: »ти си убил, и уште стапуваш во наследство!«‘ И кажи му: ‚Вака вели Господ: »на она место, каде што кучињата ја лижеа Навутеевата крв, кучињата ќе ја лижат и твојата крв.«‘«
20Ахав му рече на Илија: »Ти ме најде, мој непријателе!« Тој рече: »Те најдов, бидејќи ти се оддаде да го вршиш она што е неугодно пред очите на Господа и да Го гневиш.
21Вака вели Господ: ете, ќе ти испратам казна, ќе исчистам сѐ по тебе и ќе го истребам кај Ахава и она што мокри до ѕид, и што е затворено и изоставено во Израилот;
22и ќе постапам со твојот дом така, како што постапив со домот на Навутеевиот син Јеровоам и со домот на Ахиевиот син Васа, за наскрбувањето, со што ти ме раздразни и го наведе во грев Израилот.«
23И за Језавела Господ рече: »Кучињата ќе ја изедат Језавела зад Језреелските ѕидови;
24и кој од Ахавовиот дом ќе умре во градот, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птиците небески ќе го исколваат;
25уште немало таков како Ахава, што да се оддава да го врши она што е неугодно пред очите на Господа, за кое го советуваше жена му Језавела;
26тој постапуваше многу гнасно, следејќи ги идолите, како што правеа Аморејците, кои Господ, ги изгони од пред лицето на Израилевите синови.«
27Откако ги ислуша сите тие зборови, Ахав се умилкуваше пред Господа, одеше, и плачеше, ја раскина облеката своја, го покри телото свое со вреќиште, постеше и спиеше во вреќиште и одеше нажален.
28И би слово Господово кон Илија Тесвитецот за Ахава. И Господ рече:
29»Виде ли, како се смири Ахав пред Мене? Затоа што се смири пред Мене, Јас нема да му испратам зло во неговите дни, туку во дните на синот негов ќе пратам зло врз неговиот дом.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.