1Кога Пасхор, синот Емеров, свештеник и надзорник во домот Господен, чу дека Јеремија ги изговорил тие пророчки зборови,
2тој го удри пророкот Јеремија и го затвори во затворот, што беше до горните порти Венијаминови при домот Господен.
3Но утредента Пасхор, го ослободи Јеремија од затворот и Јеремиј му рече: Господ те нарече не Пасхот, туку Магор Мисавив.
4Оти вака рече Господ: еве, ќе те направам ужас за тебе самиот и за сите твои пријатели, и ќе паднат во бој од непријателите свои и очите твои ќе го видат тоа. И сиот Јуда ќе го предадам во рацете на вавилонскиот цар, кој ќе го одведе во Вавилон и ќе го убие со меч.
5И ќе го прададам сето богатство на тој град, сиот имот негов и сите негови драгоцености; и сите ризници на царевите јудејски ќе ги дадам на неговите напријатели, што ќе ги разграбаат, ќе ги земаат и ќе ги однесат во Вавилон.
6И ти Пасхоре, и сите, што живеат во твојата куќа, ќе отидете во ропство; ќе отидеш во Вавилон, таму ќе умреш и таму ќе бидеш погребан, ти и сите твои пријатели, на кои ти лажно им пророкуваше.
7Господи, ти ме вовлекуваше, и јас сум вовлечен; Ти си посилен од мене и ме победи, а јас секој ден станувам за потсмев, секој се шегува со мене.
8Затоа, што ќе почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за разорување, бидејќи словото Господово стана за мене поруга и секојдневен потсмев.
9Па се сетив: нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го здржам – но не можев.
10Бидејќи слушав шепотење од мнозина, закана – од секаде: кажете, велеа тие, и ние ќе го обвиниме. Сите, што живееја со мене во мир, сега ме демнат, нема ли некаде да погрешам: »можеби, велат, тој ќе се улови, и ние ќе го победиме и ќе му се одмаздиме.«
11Но со мене е Господ како страшен јунак; затоа моите гонители ќе се сопнат и нема да ме победат; многу, многу ќе се засрамат, оти постапуваат неразумно; срамот ќе биде вечен, нема никогаш да биде заборавен.
12Господи на силите, Ти го испитуваш праведникот и ја гледаш утробата и срцето негово. Дозволи да ја видам одмаздата Твоја над нив, зашто Тебе Ти го доверив делото свое.
13Пејте Му на Господа, фалете Го Господа, зашто Он ја спасува душата на бедниот од рацете на злодејците.
14Проклет да е денот, во кој се родив; денот, во кој ме роди мојата мајка, нека не е благословен!
15Проклет да е човекот кој ја пренесе веста до татака ми и му рече: »ти се роди син« и со тоа многу го зарадува.
16И со тој човек да стане она, што стана со градовите, кои Господ ги разруши и не ги пожали; нека слуша тој пискот наутро и напладне – плач,
17затоа што не ме уби уште во утробата, така што мајка ми да станеше мој гроб и утробата нејзина да останеше вечно бремена.
18Зошто излегов од утробата, за да гледам маки и таги и денови мои да минуваат во срам?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.