Јеремија 37 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јеремија го бијат и заробуваат.

1Место Јехонија, синот Јоакимов, царуваше Седекија, синот Јосиев, кого вавилонскиот цар Навуходоносор го постави за цар во Јудејската земја.

2Ни тој, ни слугите негови, ниту, пак, народот од земјата не ги послушаа зборовите на Господа, кои Он им ги кажа преку пророкот Јеремија.

3Царот Седекија го испрати Јехухала, синот Селемиев, и свештеникот Софониј, син Масеев, при пророкот Јеремија да кажат: »помоли се заради нас на нашиот Господ Бог.«

4Јеремија тогаш сѐ уште слободно влегуваше и излегуваше пред народот, бидејќи уште не беа го затвориле во темница.

5Во меѓувреме Фараоновата војска излезе од Египет, и Халдејците кои го опседуваа Ерусалим, штом разбраа за тоа, отидоа од Ерусалим.

6И би слово Господово до пророкот Јеремија:

7вака вели Господ, Бог Израилев – кажете му на јудејскиот цар, кој ве испрати до мене да ме прашате: еве, војската на Фараонот, што ви дојде на помош, ќе се врати во земјата своја, во Египет;

8а Халдејците пак ќе дојдат и ќе се борат против овој град, ќе го преземат и ќе го изгорат со оган.

9Така вели Господ – не лажете се, велејќи си во себе: »бездруго ќе си отидат Халдејците од нас«, зашто нема да си отидат;

10дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган.

11И во тоа време, кога халдејската војска се оддалечи од Ерусалим, поради Фараоновата војска,

12Јеремија појде од Ерусалим, па дојде во земјата на Венијамина, сокривајќи се од народот.

13А кога беше пред портата Венијаминова, тамошниот управител на стражата, по име Јерај, син Селемиев, син Ананиев, го задржа пророкот Јеремиј и рече: »Ти сакаш да побегнеш при Халдејците, зар не?«

14Јеремија одговори – »Лага е тоа; не сакам да бегам при Халдејците.« Но Јерај не го послуша, го фати Јеремија и го одведе кај кнезовите.

15Кнезовите се разгневија на Јеремија, го биеја и го затворија во темница, во куќата на писарот Јонатан, бидејќи ја беа направиле затвор.

16Кога Јеремија влезе во темницата и во визбата, таму остана повеќе дни.

17Царот Седекија испрати по него и го доведоа. И го праша царот во својот дом тајно, велејќи: »Нема ли слово од Господа?« Јеремија одговори: »Има«, и додаде: »ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар.«

18Тогаш Јеремија му рече на царот Седекија: »Што згрешив пред тебе, пред слугите твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница?

19И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваат кажувајќи: ‚Вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја?‘

20А сега, чуј, господаре мој, царе, услиши ја молбава моја пред лицето твое; не враќај ме во куќата на писарот Јонатан, за да не умрам таму.«

21Тогаш царот Седекиј заповеда да го затворат Јеремија во стражарницата, и таму му даваа по едно парче леб на ден од улицата не лебарите, сѐ додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Јеремиј во стражарницата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help