Второзаконие 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Иако Бог му прави добрини, Израилот е неблагодарен.

1Ова се зборовите што му ги кажа Мојсеј на сиот Израил од онаа страна на Јордан во пустињата на запад спрема Суф, меѓу Фаран и Тофол, Ловон и Авлон и рудниците на злато;

2а од Хорив, преку планината Сир, до Кадис-Варни има единаесет дена пат.

3На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, им кажа Мојсеј на сите синови Израилеви сѐ, што му беше заповедал Господ за нив.

4Откако го порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог, кој живееше во Астарот, во Едраин,

5од онаа страна на Јордан, во земјата Моавска, Мојсеј почна да го објаснува тој закон и рече:

6»Господ, Бог наш, ни говореше на Хорив и рече: ‚Доста живеевте во таа планина;

7свртете се и кренете, па влезете во гората на Аморејците и при сите нивни соседи, по рамнината, по планините и на југ и во приморската земја Хананска и во Антиливан, дури до големата река, реката Еуфрат!

8Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дека ќе им ја даде на татковците ваши – на Авраама, Исака и Јакова, ним и на потомството нивно.‘

9И јас ви реков во она време: ‚Не можам сам да ве водам;

10Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвездите небески:

11Господ, Бог на татковците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше!

12Како ќе ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши?

13Изберете си сперед вашите племиња луѓе мудри, разумни и искусни, а јас ќе ви ги поставам за началници.‘

14Вие ми одговоривте тогаш и рековте: ‚Тоа е добро што велиш да го направиме.‘

15И зедов од вас мажи мудри, разумни и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и записничари кај судиите ваши.

16И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и реков: ‚Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како човек спрема брат, така и неговиот придојден;

17Во судот не правете разлика меѓу лицата, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од лицето човечко, бидејќи судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обрнете се до мене, и јас ќе го ислушам.‘

18И во тоа време ви заповедав за сѐ што треба да правите.

19И откако тргнавме од Хорив, одевме по целата таа голема и страшна пустиња, што ја видовте, по пат кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог, и стигнавме во Кадис-Варни.

20Тогаш јас ви реков: ‚Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава;

21ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; штом ќе влезете, земете ја во владение, како што им рече Господ, Бог на вашите татковци: не бојте се и се плашете!‘

22Но вие сите дојдовте при мене и рековте: ‚Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.‘

23Ми се свидоа тие зборови, а јас зедов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе.

24Тие тргна, се качија на планината, дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа;

25па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни ги донесоа, и ни известија, велејќи: ‚Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.‘

26Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господа, вашиот Бог,

27и возроптавте во шаторите свои, велејќи: ‚Господ, од омраза спрема нас, ни изведе од земјата Египетска, за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и да не истреби;

28како ќе одиме? Вашите браќа ве обесхрабрија, велејќи: »оној народ е поголем, поброен и посилен од нас, таму градовите се поголеми и оградени со ѕидови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.«‘

29Тогаш јас ви реков: ‚Не ужасувајте се и не плашете се од нив;

30Господ, Бог ваш, оди пред вас; Он ќе се бори за вас, исто онака, како што ви направи вам во Египет, пред очите ваши.

31И во оваа пустиња, како што видовте, Господ, Бог твој те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат, по кој минавте, додека стигнавте на ова место.‘

32Но и при тоа вие на Му верувавте на Господа, вашиот Бог,

33Кој одеше пред вас по патот, за да ви одбере место, каде да запрете – ноќе со оган, за да ви го сочува патот по кој одите, а дење со облак.

34И кога Господ Бог ги чу зборовите ваши, се разгневи, и се заколна, велејќи:

35‚Никој од овие луѓе, нема да ја види добрата земја, за кој им се заколнав на татковците нивни, дека ќе им ја дадам,

36освен Халев, Јефониевиот син, тој ќе ја види; нему ќе му ја дадам земјата, во која влезе, и на синовите негови, зашто Му се покоруваше на Господа.‘

37Господ се разгневи и на мене заради вас, велејќи: ‚И ти нема да влезеш таму;

38Иисус, синот Навинов, кој е при тебе, тој ќе влезе таму; него поткрепи го; тој ќе му ја даде на Израилот во наследство;

39и децата ваши, за кои говоревте, дека ќе станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ќе влезат таму, ним ќе им ја дадам, и тие ќе ја наследат.‘

40А вие свртивте и тргнавте кон пустињата, по патот кон Црвеното Море.

41Вие одговоривте тогаш и ми рековте: ‚Згрешивме пред Господа, нашиот Бог; ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.‘ И вие го опашавте секој бојното оружје свое, па се собравте и се искачивте на планината.

42Но Господ ми рече – кажи им: ‚Не одете и не војувајте, зашто Јас нема да бидам меѓу вас, за да не бидете разбиени од непријателите ваши.‘

43И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Господовата заповед и своеволно се искачивте на планината.

44Тогаш излезе против вас Амореј, кој живееше во таа планина, и ве прогна, како што прават пчелите, и ве разбиваше од Сир дури до Хорма.

45Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господа, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша.

46и останавте во Кадис многу време, колку што бевте таму.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help