1И Самуил му рече на сиот Израил: »Ете, јас го послушав вашиот глас во сѐ, што ми рековте, и ви поставив цар,
2и еве, царот оди пред вас: а јас остарев и побелев; и синовите мои се со вас. Јас, пак, одев пред вас од младини до денес.
3Па еве ме, сведочете против мене пред Господа, и пред Неговиот помазаник: кому сум зел вол, кому сум зел осел, кого сум навредил и кого сум притискал, од кого сум зел дар и ги затворил очите пред делото негово, и јас ќе ви ги вратам.«
4И одговорија: »Ти не си нѐ навредувал, ниту си нѐ измачувал и од никого ништо не си зел.«
5И тој им рече: »Сведок против вас е Господ, сведок е и помазаникот Негов во овој ден, дека не најдовте ништо против мене.« И тие одговорија: »Сведок е.«
6Тогаш Самуил му рече на народот: »Сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египетската земја.
7А сега застанете, и јас ќе се судам со вас пред Гсопода за сите добри дела, што Он ви ги направи вам и на татковците ваши.
8Кога Јаков дојде во Египет, и татковците ваши почнаа да викаат кон Господа, Господ го испрати Мојсеја и Арона, и тие ги изведоа татковиците ваши од Египет и ги населија на ова место.
9Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Он ги предаде во рацете на Сисар, асирскиот војвода, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.
10А кога повикаа пак кон Господа и рекоа: ‚Згрешивме, што Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на Вааловци и Астарти, спаси нѐ сега од рацете на непријателите наши, и ние ќе Ти служиме Тебе.‘
11Тогаш Господ го испрати Јоровала и Варака, Ефтаја и Самуила и ве спаси од рацете на околните непријатели ваши, и вие живеевте во мир.
12Но кога видовте, дека амонитскиот цар Наас оди против вас, вие ми рековте: ‚Не, нека царува цар над нас‘, штом Господ, вашиот Бог, е ваш цар.
13И така, еве го царот, што го избравте, кого го сакавте; ете, Господ ви постави цар.
14Ако се плашите од Господа и Му служите, ако го слушате гласот Негов и не се противите на заповедите Господови, вие и царот ваш, кој царува над вас, и ако одите по Господа, вашиот Бог, тогаш раката Господова нема да биде против вас;
15ако, пак, не го слушате гласот Господов и почнете да се противите на заповедите Господови, раката на Господа ќе биде против вас, како што беше против татковците ваши.
16А сега станете и погледнете го големото дело, кое Господ го изврши пред очите ваши:
17нели е сега пченична жетва? Но јас ќе Го призовам Господа, и Он ќе испрати гром и дожд, и вие ќе дознаете и ќе видите, колку е голем гревот, што го направивте пред очите на Господа, барајќи за себеси цар.«
18И Самуил го призва Господа, и Господ испрати гром и дожд во тој ден; и сиот народ многу се исплаши од Господа и Самуила.
19и сиот народ му рече на Самуила: »Помоли се за слугите свои пред Господа, твојот Бог, за да не умреме; зашто кон сите гревови наши додадовме уште еден грев, кога баравме за себеси цар.«
20А Самуил му одговори на народот и рече: »Не плашете се, вие го направивте, вистина, тој грев, но само не отстапувајте од Господа, и служете Му на Господа од сѐ срце,
21и не одете по ништожни богови, кои нема да ви донесат корист и нема да ве спасат, бидејќи се ништо;
22а Господ нема да го остави народот Свој заради Своето големо име, бидејќи на Господа му беше угодно да ве избере за Свој народ;
23исто така и јас нема да си дозволам грев пред Господа, да престанам да се молам за вас, и ќе ви го покажувам добриот и правиот пат;
24само бојте се од Господа и служете Му вистински од сето свое срце, зашто видовте, какви големи дела изврши Он со вас;
25ако пак вршите зло, тогаш и вие и царот ваш ќе загинете.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.