1 Царства 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Самуил како судија.

1Жителите на Киријат-Јарим дојдоа, го зедоа ковчегот на заветот Господов и го однесоа во куќата на Аминадава, на ридот, а синот негов Елеазар го посветија да го чува ковчегот на заветот Господов.

2Од оној ден, кога ковчегот остана во Киријат-Јарим, измина многу време-дваесет години. И сиот Израилев дом се обрна кон Господа.

3И му рече Самуил на сиот Израилев дом, велејќи: »Ако од сѐ срце се обрнувате кон Господа, отстранете ги од средината своја туѓите богови и боговите од горичките, расположете го срцето свое кон Господа и Нему единствено служете Му, и Он ќе ви избави од филистејските раце.«

4И Израилевите синови ги отстранија разните Вааловци и Астарти и почнаа да му служат само на Господа.

5И рече Самуил: »Соберете ги сите Израилци во Масифа, и јас ќе Му се помолам на Господа за вас.«

6И се собраа во Масифа, и црпеа вода – ја истураа пред Господа, и постеа тој ден, велејќи: »згрешивме пред Господа.« А Самуил им судеше на синовите Израилеви во Масифа.

7Кога Филистејците чуја дека синовите Израилеви се собрале во Масифа, кнезовите нивни излегоа против Израилот; Израилците откако го слушнаа тоа, се уплашија од Филистејците.

8Тогаш Израилевите синови му рекоа на Самуила: »Не престанувај да го молиш Господа, нашиот Бог за нас, та некако да нѐ спаси од филистејските раце.« А Самуил рече: »Не може да биде, јас да отстапам од Господа, мојот Бог, и да не се молам за вас во молитвата своја!«

9И Самуил зеде едно јагне цицалче и го принесе заедно со сиот народ како жртва сепаленица на Господа; повика Самуил кон Господа за Израилот и Господ го чу.

10И кога Самуил ја принесуваше сепаленицата, Филистејците дојдоа да се бијат против Изрилот. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие се збркаа и беа поразени пред Израилот.

11Израилците излегоа од Масифа, ги гонеа Филистејците и ги разбиваа до под Ветхор.

12И Самуил зеде еден камен и го стави меѓу Масифа и Сен, и го нарече Авен-Зер, што значи довде ни помогна Господ.

13Така беа смирени Филистејците и не доаѓаа веќе во пределите Израилеви; и раката Господова беше врз Филистејците преку сите денови на Самуила.

14А му беа вратени на Израилот градовите, што Филистејците ги беа презеле од Израилот, од Акарон дури до Гет, и Израил ги ослободи пределите нивни од филистејски раце, и настана мир меѓу Израилот и Аморејците.

15И Самуил беше судија над Израила преку сите денови на својот живот;

16и секоја година одеше и го обиколуваше Ветил, Галгал, и Масифа и му судеше на Израилот по сите тие места;

17потоа се враќаше во Арматем, бидејќи таму беше куќата негова, таму живееше и таму му судеше на Израилот, а таму изгради и жртвеник на Господа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help