1. Тимотеја 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За почитувањето на постарите, вдовиците и свештениците.

1Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;

2старите жени – како мајки, младите – како сестри, со секаква чистота.

3Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици.

4Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им се отплатуваат на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно пред Бога.

5А онаа, што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе,

6но онаа, пак, што живее распуштено, таа уште при животот умрела.

7Порачувај им го уште и тоа, да бидат беспорочни.

8Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од неверник.

9За вдовица да се прими жена не помлада од шеесет години, и тоа таква што имала само еден маж,

10позната по добри дела; ако деца одгледувала, ако била гостољубива, нозе на светии миела; ако им помагала на пострадани и секое добро дело усрдно следувала.

11А помлади вдовици не примај, оти кога ќе побеснат против Христа, ќе сакаат да се мажат.

12Тие потпаѓаат под суд, зашто ја отфрлиле порано дадената верност.

13Освен тоа, бидејќи без работа, навикнуваат да одат од куќа во куќа; и не само без работа, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега.

14И така, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да вртат куќа и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење;

15оти некои веќе се повлекоа по сатаната.

16Ако некој верен или верна има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, та да не се товари Црквата, за да може да пригледува вистински вдовици.

17А презвитерите, што добро ја извршуваат својата претстојна служба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние, кои се трудат во словото и во поуката.

18Оти Писмото вели: »Не заврзувај уста на вол, кој врши«, и »работникот ја заслужува својата плата.«

19Обвинение против презвитер не примај, освен пред двајца или тројца сведоци.

20А оние што грешат, искарај ги пред сите, та и другите да имаат страв.

21Те заколнувам пред Бога, пред Господа Исуса Христа и пред избраните ангели да го пазиш ова без лицемерност и ништо да не правиш по пристрасност.

22Раце на никого не полагај пребрзано, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!

23Не пиј веќе само вода, но употребувај по малку и вино, поради стомакот и честите боледувања!

24Гревовите на некои луѓе се познати и однапред ги водат на суд, а на некои по нив одат.

25Исто така и добрите дела се познати; а оние што не се такви, не можат да се сокријат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help