2. Тимотеја 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За заводниците во последно време; потребно е да се остане при Светото Писмо.

1Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки.

2Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви,

3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,

4предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци,

5на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се!

6Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени, што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,

7жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината.

8Па, како што му се противеа на Мојсеја Јаниј и Јамвриј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, неискусни во верата.

9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе се открие пред сите, како и на оние двајца.

10Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста,

11на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.

12Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.

13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси.

14Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,

15бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.

16Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата,

17за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help