1. Коринтјаните 13 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

За љубовта.

1Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

2Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум.

3И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.

4Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее,

5не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,

6на неправда не се радува, а на вистина се радува,

7сѐ извинува, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ претрпува.

8Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици – ќе замолкнат; ако се знаења – ќе исчезнат.

9Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме;

10а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.

11Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското.

12Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат.

13А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help