Исаија 52 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Благовесниците на мирот му објавуваат спасение на Сион.

1Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеќе да влегува во тебе необрезан и нечист.

2Истреси го од себе правот; стани, заробени Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена ќерко Сионова!

3Зашто вака вели Господ: »За ништо бевте продадени, и без сребро ќе бидете откупени.«

4И уште вака вели Господ Бог: »Народот Мој одеше порано во Египет, за да поживее таму, а Асур го притеснуваше без причина.

5А сега што имам тука« – вели Господ: »Народот Мој е земен со дар, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува.

6Затоа Мојот народ ќе го познае името Мое; затоа ќе разбере во оној ден, дека Јас сум истиот, Кој вели: ‚еве Ме!‘«

7Колку се прекрасни врз горите нозете на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: »Твојот Бог се зацари!«

8Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, зашто со очите свои гледаат, дека Господ се враќа во Сион.

9Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој – го откупи Ерусалим.

10Ја засука Господ Својата света мишка пред очите на сите народи, – и сите краишта земни ќе го видат спасението од нашиот Бог.

11Одете си, одете си, излезете оттаму; не допирајте се до нечисто; излезете од средината негова, очистете се, вие што ги носите садовите Господови!

12Зашто нема да излезете набргу и нема да избегате; оти пред вас ќе тргне Господ, и Бог Израилев ќе биде зад вас.

13Ете, Мојот слуга ќе успее, ќе се воздигне, ќе се возвиси и возвеличи.

14Како што мнозина беа зачудени, гледајќи во Него – толку ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на секој човек, и видот Негов – повеќе, отколку на синовите човечки, – !

15така ќе зачуди многу народи, цареви ќе ја затвораат пред Него устата своја, зашто ќе го видат она, за кое не им било говорено, и ќе го дознаат она што не го слушнале.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help