1И Давид отиде оттаму и избега во Адоламската пештера, а кога слушнаа браќата негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму при него.
2Се собраа при него сите подјармени, сите должници и сите душевно огорчени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души.
3Оттаму Давид отиде во Масифа Моавска и му рече на моавскиот цар: »Татко ми и мајка ми нака останат при вас, додека разберам што ќе направи Бог со мене.«
4И ги доведе при моавскиот цар, и тие живееја при него за сето време додека Давид беше во она прибежиште.
5Но пророкот Гад му рече на Давида: »Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина.« И Давид замина и отиде во гората Херет.
6Саул чу, дека Давид се појавил со луѓето, што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под дабот на ридот во Рама, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги.
7И им рече Саул на слугите свои, што беа околу него: »Чујте, Венијаминови синови! Зар Јесеевиот син ќе ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ќе ве постави за илјаданачалници и стотници,
8та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога син ми се спријателил со синот Јесеев, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти, дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми кове стапици, како што се гледа сега?«
9Идумеецот Доик, кој стоеше со Сауловите слуги, одговори и рече: »Јас видов, кога Јесеевиот син доаѓаше во Номва при Авимелеха, синот на Ахитува,
10и тој го праша за него Господа, му даде храна, му го даде и мечот на филистеецот Голијат.«
11Тогаш испрати царот да го повикаат свештеникот Авимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците, што беа во Номва. И сите тие дојдоа при царот.
12Саул рече: »Чух, сине Ахитувов!« Тој одговори: »Еве, ме господару.«
13А Саул го запраша: »Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си дал лебови и меч и си го прашал Бога за него, за да востане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?«
14Авимелех му одговори на царот и рече: »Кој од сите твои робови е толку верен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почитуван во домот твој?
15Сега за првпат ли го прашувам Бога за него? Но не обвинувај го во тоа, цару, слугата свој и целиот мој татков дом, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо.«
16Но царот му рече: »Авимелех, ти треба да умреш, ти и целиот твој татков дом.«
17И царот им рече на телохранителите што стоеја при него: »Одете, убијте ги свештениците Господови, зашто и нивната рака е со Давида, и тие знаеја, дека тој избегал, а не ни јавија.« Но царските слуги не сакаа да кренат раце, за да ги убијат свештениците Господови.
18Тогаш царот му рече на Доика: »Оди ти и убиј ги свештениците!« И Доик Идумеецот отиде, ги нападна свештениците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи, што носеа ленен ефод;
19го порази со меч и Номва, свештеничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, осли и овци.
20Се спаси само еден од синовите на Авимелеха, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега при Давида.
21Авијатар му раскажа на Давида, дека Саул ги уби свештениците Господови.
22А Давид му рече на Авијатара: »Јас знаев оној ден, кога таму беше Идумеецот Доик, дека тој бездруго ќе му јави на Саула; јас сум виновен за сите души од татковиот дом твој.
23Остани при мене, не плаши се, зашто како што ја бара душата моја, ќе ја бара и твојата душа; ти ќе бидеш кај мене по заштита.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.