1Господи, Ти си ни прибежиште од род во род.
2Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на земјата и на вселената, отсекогаш и за секогаш Ти постоиш.
3Не враќај го човекот во прав, бидејќи си рекол: »обратете се синови човечки!«
4Зашто пред Твоите очи илјада години се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку ноќта.
5Годините нивни минуваат; тие се како трева – изутрина;
6наутро ќе процути и ќе помине, а навечер паѓа и се исушува.
7Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме во забуна.
8Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, векот наш е во светлината на лицето Твое.
9Сите наши дни се скратуваат и од Твојот гнев исчезнуваат, па веќе нѐ нема; нашите години се трудеа како пајак.
10Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и болести, бидејќи брзо минуваат и ние летаме со нив.
11Која ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши?
12Научи нѐ така со десницата Твоја, па да се здобиеме со мудро срце.
13Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги.
14Се исполнивме изутрина со Твојата милост, Господи, и се зарадувавме и се развеселивме во сите наши дни,
15се развеселивме за оние дни, кога нѐ понизуваше, за годините, во кои видовме зло.
16па призри на слугите Твои и на делата Твои, и научи ги синовите нивни.
17И славата на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и во делата на рацете наши помагај ни.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
