1 Летописи 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Имињата и градовите на синовите Левиеви и Аронови.

1Синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари.

2Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.

3Деца Амрамови: Арон, Мојсеј и Маријам. Синови Аронови: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.

4Елеазар го роди Финеса, Финес го роди Авиуда;

5Аиуд го роди Вокија, Вокиј го роди Озија;

6Озија го роди Сареја, Сареј го роди Мариота;

7Мариот го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова;

8Ахитов го роди Садока, Садок го роди Ахимаса;

9Ахимас го роди Азарија, Азарија го роди Јоанана;

10Јоанан го роди Азарија, – тоа е оној, што беше свештеник во изградениот храм од Соломна во Ерусалим.

11Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитова;

12Ахитов го роди Садока, Садок го роди Селума;

13Селум го роди Хелкија, Хелкија го роди Азарија;

14Азарија го роди Сареја, Сареј го роди Јоседека;

15Јоседек отиде во плен, кога Господ ги пресели Јудејците и ерусалимците преку раката Навуходоносорова.

16И така, синови Левиеви беа: Герсон, Кат и Мерари.

17Еве ги имињата на Герсоновите синови: Ловениј и Семеј.

18Синови Катови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.

19Синови Мерариеви: Моли и Муси. Тоа се потомците Левиеви според родовите нивни.

20Герсон имаше: Лавениј, негов син; Јет, син негов; Семна, негов син;

21Јол, негов син; Адо, негов син; Зара, негов син; Јетри, негов син.

22Синови Катови: Исар, син негов; Аминадав, негов син; Кореј, негов син, Асир, негов син;

23Елкана, негов син; Ависаф, негов син; Асир, негов син;

24Кат, негов син; Урил, негов син; Озија негов син; Саул, негов син.

25Синови на Елкана: Амаси и Амиот.

26Елкана, негов син; Суфиј, негов син; Нат, негов син;

27Елијаб, негов син; Јеремеил, негов син; Елкана, негов син; Самуил, негов син.

28Синови Самуилови: провородениот Јоил, втор Авија.

29Синови Мерариеви: Моли; Ловениј, негов син; Семеј, негов син; Озија, негов син;

30Сама, негов син; Ананија, негов син; Асаија, негов син.

31Ете, нив ги постави Давид да пеат над пеачите во Господовиот дом, откако го внесе во него ковчегот.

32Тие служеа како пеачи пред скинијата на сведоштвото, додека Соломон го изгради домот Господов во Ерусалим. Тие настапуваа во службата своја според редот свој.

33Еве ги оние што настапуваа со синовите свои: од синовите Катови – Еман, пеач, син на Јоила, син на Самуила,

34син на Елкана, син на Јеремеила, син на Елијава, син Нафов

35син на Суфа, син на Елкана, син на Амиота, син на Амаса,

36Син на Елкана, син на Јоила, син на Аварија, син на Сафанија,

37син на Мата, син на Асера, син на Авијасара, син на Кореја,

38син на Аминадава, син на Кита, син на Исара, син Левиин, син Израилев.

39И брат му Асаф, кој стоеше од десната страна негова, – Асаф, син на Варахија, син на Сама,

40син на Михаила, син Масилов, син на Мелиев,

41син Атаниев, син Зараев, син Адаев,

42син Итамов, син Земин, син Семеев,

43син Јетов, син Герсонов, син Левиев.

44А од синовите на Мерари, нивните браќа, – на левата страна: Етам, син Хусиев, син Авдиев, син Малохов,

45син Савиев, син Амасиев, син Хелкиев,

46син Амсиев, синот Ваниев, синот Самиров,

47синот Молиев, синот Мусиев, синот Мерариев, син Левиев.

48Браќата нивни, левитите, беа определени за секаква служба при Божјиот дом;

49Арон, пак, и синовите негови ги изгоруваа приносите врз жртвеникот за жртва и врз кадилниот жртвеник извршуваа секое свештенодејствие во Свјатаја Свјатих и за исчистување на Израилот во сѐ, како што беше заповедал Божјиот слуга Мојсеј.

50Еве ги синовите Аронови: Елеазар, син негов; Финес, син негов; Авиуд, син негов;

51Вокхи, негов син; Озиј, негов син, Сареј, негов син;

52Мариот, негов син; Амариј, негов син; Ахиров, негов син;

53Садок, негов син; Ахимас, негов син.

54Еве ги нивните живеалишта според селата нивни во нивните предели: на синовите Аронови од родот Катов, според она што им се падна со жреб;

55го дадоа Хеврон, во земјата Јудина, и околината негова;

56а нивите на тој град и селата негови му ги дадоа на Халева, синот Јефониев.

57На Ароновите синови им ги дадоа и прибежишните градови: Хеврон и Ловна со околиите нивни, Јатир и Естемој со околината негова,

58Илон и околината негова, Давир и околината негова,

59Асан со околината негова и Ветсамис со околината негова; и Ветсур со околината негова,

60а од племето Венијаминово – Гаваон и околината негова, Еламот со околината негова, и Еламвеј со околината негова и Анатот со околината негова; сите нивни градови во родовите нивни беа тринаесет града.

61На другите синови Катови од челадта на тоа племе им дадоа со жреб десет града од делот на полуплемето Манасиево.

62На синовите Гирсонови, според родовите нивни, од племето Исахарово, од племето Асирово, од племето Нефталимово и од племето Манасиево во Васан им дадоа тринаесет градови.

63На синовите Мерариеви, според родовите нивни, од племето Рувимово, од племето Гадово, и од племето Завулоново им дадоа со жреб дванаесет градови.

64Така синовите Израилеви им ги раздадоа на левитите градовите со околините нивни.

65Ги дадоа со жреб од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови оние градови, кои тие ги искажаа поименично.

66А на некои родови од Катовите синови им беа дадени градовите од Ефремовото племе.

67И им ги дадоа прибежишните градови: Сихем и околината негова на гората Ефремова, Газер и околината негова,

68Екман и околината негова, Веторон и околината негова,

69Елон со околината негова и Гатремон и околината негова;

70од полуплемето Манасиево – Анеир со околината негова и Јевлам со околината негова, тоа за семејствата на другите синови Катови.

71На синовите Гирсонови од полуплемето Манасиево им го дадоа Голан во Васан со околината негова и Асирот со околината негова;

72по племето Исахарово – Кедес и околината негова, Надар и околината негова,

73Рамот со околината негова и Енан со околината негова;

74од племето Асирово – Масал и околината негова Равот и околината негова,

75Хукок со околината негова и Реов со околината негова;

76од племето Нефталимово – Кадис во Галилеја и околината негова, Хамон со околината негова и Каријатаим со околината негова.

77А на другите синови Мерариеви – од племето Завулоново, Ремон со околината негова и Тавор со околината негова.

78Од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, на исток од Јордан, од племето Рувимово го дадоа Восор во пустињата и околината негова, Јаса и околината негова.

79Кадимот со околината негова и Моапсат со околината негова.

80од племето Гадово – Рамот во Галад и околината негова, Маханаим и околината негова,

81Есевон со околината негова и Јазир со околината негова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help