1»Кога се вративме и тргнавме по пустињата кон Црвено Море, како што ми беше рекол Господ, и многу време одевме околу планината Сир.
2И Господ ми рече, велејќи:
3‚Доста одевте околу таа планина, свртете се, пак, кон север.
4Заповедај му на народот и кажи му: »Ќе поминете сега низ пределите на вашите браќа, синовите Исавови, кои живеат во Сир, и тие ќе се исплашат од вас, и ќе се ужасат.
5Но вие на започнувајте со нив војна. Јас нема да ви дадам од земјата нивна ни една стапка, зашто планината Сир со жреб им ја дадов на синовите Исавови.
6Храна купувајте од нив со сребро и јадете; и вода купувајте од нив според цената и пијте;
7зашто Господ, Бог твој, те благослови во секое дело на твоите раце, сети се како помина, додека патуваше ти по таа голема и страшна пустиња; ете, четириесет години Господ, Бог твој, е со тебе; ти од ништо не се лишуваше.«‘
8И минавме покрај нашите браќа, синовите Исавови, кои живеат во Сир, по арабискиот пат, од Елон и Гесион – Гавер, па свртивме и го изминавме патот во пустињата Моав.
9И му рече Господ: ‚Не се карајте со Моавците, ниту почнувајте со нив војна; зашто Јас не ви дадов со жреб ништо од земјата нивна, бидејќи Јас им дадов на Лотовите синови да го наследат Ароир.‘
10Порано таму живееја Омините, народ голем, многуброен и силен како Енаковците,
11и се сметаа меѓу Рафаините за Енаковци; Моавците, пак, ги нарекуваа Омини.
12А во Сир живееја порано Хорејците; но синовите Исавови ги изгонија и ги истребија од пред себе и се населија наместо нив – така, како што постапи Израилот со земјата на своето наследство, што им го беше дал Господ.
13‚И сега, станете и преминете ја долината Заред.‘ И ние ја минавме долината Заред.
14Откако отидовме во Кадес-Варни и ја минавме долината Заред, поминаа триесет и осум години, додека во таборот не изгинаа сите мажи, годни за војна, според она како што им се беше заколнал Господ Бог;
15пак и раката Господова беше против нив, истребувајќи ги од логорот, дедека сите не изумреа.
16И тогаш, кога изгинаа сите мажи, годни за војна, и тие умирајќи меѓу народот,
17Господ ми рече, велејќи:
18‚Ти минуваш сега покрај пределите Моавски, наречени Ароир,
19и кога ќе се приближиш до Амоновите синови, не судрувај се со нив, ниту почнувај со нив војна, зашто Јас нема да ти дадам ништо во наследство од земјата на Амоновите синови, бидејќи им ја дадов на Лотовите синови со жреб.‘
20Таа се сметаше за земја на Рафаините: порано живееја во неа Рафаините; Амонитите, пак, ги нарекуваа Зомијци;
21тие беа народ голем, многуброен и јак како Енаковците, и Господ ги истреби пред лицето нивно, и Амонитите ги изгонија и се населија на местото нивно,
22како што направи за синовите Исавови, кои живеат во Сир, истребувајќи ги пред нив Хорејците, и тие ги изгонија, и се населија на местото нивно и живеат до ден денес.
23И Евејците, што живееја во Асирот дури до Газа, Кападокијците, кои беа излегле од Кападокија, ги истребија и се населија на местото нивно.
24‚Станете, тргнете и минете во долината на Арнон; ете, го предавам во раката твоја Сион, царот есевонски, Амореец, и неговата земја; почни да ја наследуваш и војувај против него;
25од денес Јас ќе почнам да сеам страв и ужас пред тебе врз народите под целото небо; оние, што ќе чујат за тебе, ќе се смутат и ќе се разболат од лицето твое.‘
26И испратив пратеници од пустињата Кедамот при есевонскиот цар Сион, со мирни зборови, за да кажат:
27‚Дозволи ми да минам преку твојата земја; ќе одам по патот, нема да скршнувам ни десно ни лево;
28храна продавај ми за пари, и јас ќе јадам, и вода продавај ми за пари, и јас ќе пијам; само со нозете мои да минам.‘
29Така, како што му дозволија синовите Исавови, кои живеат во Сир, и Моавците од Ароир, додека не минам преку Јордан во земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.
30Но есевонскиот цар Сион не се согласи да минеме преку земјата негова, зашто Господ, Бог наш, го ожесточи духот негов и срцето му го окорави, за да го предаде во раката твоја, како што тоа се виде сега.
31И ми рече Господ: ‚Ете, Јас почнав да ти го предавам Сиона, царот есевонски, Амореецот, и земјата негова; почнувај да ја населуваш земјата негова.‘
32И сион, царот есевонски, со целиот народ свој излезе против нас во бој при Јаса;
33и го предаде Господ, Бог наш, во рацете наши и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов.
34Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги разоривме сите градови, а и жените и децата не ги оставивме живи;
35само добитокот им го зедовме и пленот од градовите, што ги презедовме.
36Од Ароир, кој е при устието на потокот Арнон, и од тој град, кој е во долината, до планината Галад, немаше град, непристапен за нас: сѐ ни предаде Господ, Бог наш, во рацете наши.
37Само кон земјата на Амонитите не пристапивме ниту до местата, блиски до потокот Јавок ниту кон градовите по планината, ниту до сѐ, за кое не ни заповеда Господ, Бог наш.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.