1И отиде Самсон во Тамната и виде во Тамната мома од филистејските ќерки.
2Тој отиде и им јави на татка си и на мајка си и рече: »Видов во Тамната девојка од филистејските ќерки; земете ми ја за жена«.
3Татко му и мајка му рекоа: »Зар нема мома меѓу ќерките на браќата твои и во сиот народ, па одиш да земеш жена од необрезаните Филестејци?« А Самсон му одговори на татка си: »Неа земи ја за жена, бидејќи таа ми се свиде.«
4Татко му и мајка му на знаеја дека тоа е од Господа, и дека тој бара случај да им се одмазди на Филистејците. Во тоа време Филистејците владееја над Израилот.
5И отиде Самсон со татка си и мајка си во Тамната, и кога се приближуваа до Тамнатските лозја, ете еден млад лав, рикајќу му доаѓа во пресрет.
6И Духот Господов слезе врз него, и тој го раскина лавот како јаре; а во раката негова немаше ништо. И не им кажа на татка си и мајка си, што направи.
7И дојде и поразговара со девојката, и таа му се допадна на Самсона.
8По неколку дена, тој пак отиде, за да ја земе, и наврати да го види трупот на лавот, и ете, рој пчели на трупот од лавот и мед.
9Тој зеде од медот во рацете свои, тргна и јадеше по патот; и кога дојде кај татка си и мајка си, им даде и ним, и тие јадеа; но не им кажа дека тој мед го зел од трупот на лавот.
10Дојде и татко му кај девојката, и таму Самсон приреди седумдневна гозба, како што обично прават младоженците.
11И штом го видоа таму, избраа триесет брачни другари, кои ќе бидат при него.
12И им рече Самсон: »Ќе ви поставам една гатанка: ако ми ја одгатнете во текот на седумте дена на гозбава и ја погодите точно, ќе ви дадам триесет кошули и триесет промени;
13ако, пак, не можете да ја одгатнете, вие ќе ми дадете триесет кошули и триесет промени.« Тие му рекоа: »Постави ја гатанката, да ја чуеме.«
14И им рече: »Од јадачот излезе јадење, и од силниот излезе слатко.« И три дена не можеа да ја одгатнат гатанката.
15На седмиот ден тие ѝ рекоа на Самсоновата жена: »Потсети го мажот твој, да ни ја одгатне гатанката; инаку ќе те изгориме со оган тебе и домот на таткото твој; зар нѐ поканивте да нѐ оберете.«
16И плачеше пред Самсона жената негова, велејќи: »Ти ме мразиш и не ме сакаш; ти им зададе гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја одгатнуваш.« Тој ѝ рече: »На татко ми и на мајка ми јас не им ја одгатнав, на тебе ли да ти ја кажам?«
17И плачеше таа пред него седум дена, додека траеше гоштевањето нивно. Најпосле на седмиот ден тој ѝ ја одгатна, бидејќи таа упорно го молеше. А таа им ја кажа гатанката на синовите на својот народ.
18И на седмиот ден пред зајдисонце му рекоа граѓаните: »Што е послатко од мед, и што е посилно од лав?« Тој им рече: »Да не бевте орале со мојата јунечка, немаше да ја одгатнете гатанката моја.«
19И Духот Господов слезе врз него, и тој отиде во Аскалон, каде што уби триесет души, ги соблече од нив алиштата, им ги даде промените на оние, што ја беа одгатнале гатанката; и се расрди многу, па отиде во куќата на таткото свој.
20А жената на Самсон се омажи за неговиот свадбен другар, кој му беше пријател.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.