1Во првата година од царувањето на Кир персиски, за да се исполни зборот Господов од устата на Јеремија,
2Господ го подигна духот на персискиот цар Кира, и тој објави во целото царство свое усно и писмено:
3»Вака вели Кир, царот персиски: Господ Израилев, Господ Саваот ме постави за цар над вселената
4и ми заповеда да Му изградам дом Ерусалим, што е во Јудеја.
5И така, кој меѓу вас е од Неговиот народ, нека биде неговиот Господ со него, и нека оди во Ерусалим, што е во Јудеја, да Му гради дом на Господа Израилев: Он е Господ, Кој живее во Ерусалим.«
6Затоа, колку што од нив живеат наоколу, нека им помогнат месните жители со злато и сребро,
7подарувајќи коњи и добиток и други ветени приноси за храмот Господов во Ерусалим.
8се кранаа старешините на племињата од Јудиното И Венијаминовото колено, и свештениците, и левитите, и сите, чиј дух Господов го поттикнаа, да одат и да го градат домот Господов во Ерусалим;
9а оние што живееја во соседството со нив, им помагаа во сѐ: со сребро и злато, со коњи и добиток и со многу приноси од оние, чиј дух беше поттикнат.
10И царот Кир ги изнесе свештените садови Господови, кои Навуходоносор ги беше пренел од Ерусалим и поставил во своето светилиште.
11А откако ги изнесе Кир, царот персиски, му ги предаде на Митридата, својот ризничар,
12па преку него му беа предадени на Саманасара, кнез јудејски.
13Нивниот број беше: изливки златни – илјада, изливки сребрени – илјада, сребрени кадилници – дваесет и девет, златни чаши – триесет, сребрени – две илјади и четиристотини и десет, и други садови – илјада.
14Сите пренесени садови, сребрени и златни, беа пет илјади и четиристотини и шеесет и девет.
15Ги однесе Сасавар и вратените со него од вавилонското ропство во Ерусалим.
16А царувањето на Артаксеркса, цар персиски, Вилемос и Митридат, Тавелиј и Ратим, Веелтетам и писарот Самелиј и други, што се беа договориле со нив, а живееја во Самарија и на други места, му го напишаа следното писмо:
17»До царот-господар Артаксеркс, – твоите слуги Ратим, летописец, и Самелиј, писар, и други од нивниот совет, и судиите, што се во Кили-Сирија и Феникија,
18нека му биде сега познато на царот-господар, дека излезените од вас кај нас Јудејци, дошле во Ерусалим, во тој измамнички и сплеткарски град, му уредуваат плоштади, ги обновуваат ѕидиштата и полагаат темели на храмот.
19И така, ако тој град беше изграден, а ѕидовите завршени, тогаш не само што нема да се согласат да плаќаат данок, туку и ќе се кренат против царевите.
20И бидејќи веќе почна градењето на храмот, ние најдовме за добро да не го занемариме тоа,
21туку да му јавиме на царот-господар, нема ли да благоволиш да погледнеш во книгите на твоите татковци;
22ќе најдеш запишано за тоа во летописните книги и ќе дознаеш, дека овој град бил предавнички и ги вознемирувал царевите и градовите,
23а Јудејците-одметници, кои вечно правеле заговори во него, поради што и бил опустошен овој град.
24И така те известуваме сега, цару-господару, дека, ако се изгради овој град и се обноват ѕидиштата негови, за тебе нема да има премин кон Кили-Сирија и Феникија.«
25Тогаш царот им испрати писмен одговор на писарот Ратим, на Веелтетма и на писарот Самелија и на другите, што се беа договориле со нив и коишто живееја во Самарија, Сирија и Феникија, следново:
26»Го прочитав писмото, што ми го испративме, и заповедав да се прегледаат книгите; и се покажа, дека овој град одамна востанува против царевите,
27и луѓето во него креваат востанија и водат војни, и дека имало во Ерусалим силни и моќни цареви, кои владееле и собирале данок од Кили-Сирија и Феникија.
28Затоа им заповедав сега да им забранат на тие луѓе да го градат тој град, и да се набљудува, ништо повеќе да не се прави,
29та да немаат понатаму делата на злонамерните успех за обеспокојување на царевите.«
30Откако го прочитаа писмото од царот Артаксеркс, Ратим и писарот Самелиј и договорените со нив брзо тргнаа за Ерусалим со коњица и со народните доброволци
31И почнаа да ги запираат оние што градеа. Така се запре градбата на ерусалимскиот храм до втората година од царувањето на Дарија, цар персиски.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.