1Кој законот го извршува, тој жртвите ги умножува, а кој заповедите ги држи – жртви за спасение принесува.
2Кој благодари, брашнени жртви прави, а кој прави милостиња – похвална жртва принесува.
3На Бога да Му угодуваме – значи од злото да се оддалечуваме, а Бога да Го умилостивиме – значи од неправда да отстапиме.
4Со празни раце не излегувај пред Господа; сето тоа е според заповедта.
5Жртвата на праведникот го украсува жртвеникот, а пријатниот мирис оди пред Севишниот.
6Од побожен човек угодна е жртвата, и споменот за неа нема да се заборави.
7Со око весело прославувај Го Господа, не намалувај ги првините што ги принесуваш.
8При секој дар лицето нека ти е весело; со радост десетокот давај го.
9Давај Му на Севишниот како Тој тебе што ти дава – штедро и колку што можеш.
10Зашто Господ плаќа и седморно враќа.
11Не намалувај ги даровите, зашто нема да ги прими; не надевај се на неправедна жртва.
12Господ е судија и на лице не гледа.
13Тој е од страната на сиромавиот; молитвата на понижените ја слуша.
14На сиракот молитвата нема да ја презре, ниту на вдовицата кога мака своја искажува.
15Не течат ли солзи по лицето на вдовицата, не го обвинуваат ли оној што ги предизвикува?
16Кој со сето срце на Бога Му служи, ќе биде чуен; неговите молитви до облаците ќе стигнат.
17Молитвата на смирен низ облаци ќе мине; додека до Бога не стигне – нема да се утеши;
18нема да отстапи додека Севишниот со милост не погледне, праведно не пресуди и правда не донесе.
19И Господ нема да задоцни, нема да се смири додека не ги сотре бедрата на насилниците,
20сѐ додека не им се одмазди на народите, додека не го истреби собирот на угнетувачите и не им ги скрши скиптрите на неправедните.
21Додека на сите не им плати според нивните дела и според нивните намери;
22додека на народот Свој, не му пресуди и не го израдува со Својата милост.
23Добра е милоста во време на жалост – како дождовните облаци во време на суша.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
