Псалми 44 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Во слава на Божјиот Помазаник и Неговата невеста.

1Од срцето мое се излива благ збор; му зборувам на Царот за делата мои; јазикот ми е како трска на брзописец.

2Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки, благодат се излива од Твојата уста; затоа Бог Те благословил довека.

3Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику: во Својата красота и убавина!

4И така украсен, поитај и царствувај заради вистината, кротоста и правдата, и Твојата десница ќе покаже чудесни дела.

5Изострени се Твоите стрели, о јунаку, народите ќе паднат пред Тебе, – тие ќе се забодат во срцата на царските непријатели.

6Твојот престол, Боже, е вечен: жезлото на правдата е жезло на Твоето царство.

7Ти ја засака правдата и го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог, Те помаза со елеј на радоста повеќе од Твоите соучесници.

8Сите Твои облеки мирисаат на смирна, алој и касија; кога излегуваш од дворците од тешка слонова коска, во што наоѓаш радост.

9Царски ќерки се во Твојата почесна придружба; царицата стои покрај Тебе оддесно во облека украсена и со злато проткаена.

10Чуј, ќерко, види, приклони го увото свое и заборави го твојот народ и домот на таткото твој.

11Зашто Царот ја посака твојата убавина, оти Он е твој Господар и приклони Му се тогаш ти.

12И ќерката тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе те замолат.

13Сета слава на царската ќерка е внатре: нејзината облека е везена со злато;

14во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе,

15ги доведуваат со веселба и радост, влегуваат во Царевиот дворец.

16Место твоите татковци, овде ќе бидат твоите синови; Ти ќе ги поставиш за кнезови по целата земја.

17Ќе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ќе Те слават од век до век.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help