1Кога го чу тоа царот Језекиј, ја раскина облеката своја, се покри со вреќиште и отиде во домот Господов.
2И го испрати Елијакима, управникот на дворецот, писарот Сомнас и постарите свештеници, покриени со вреќишта, при Амосовиот син, пророкот Исаија.
3Тие му рекоа: »Вака вели Језекиј: ‚ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто младенчињата пристигнаа, но родилна сила нема.
4Секако Гопспод, Бог твој, ќе ги чуе сите зборови на Рапсака, кога господарот негов, асирскиот цар, го испрати да го наведува живиот Бог и да го обесчести со зборови, какви што чу Господ, Бог твој. Затоа упати и помоли се за другите, кои се сѐ уште живи.‘«
5Слугите на царот Језекија отидоа при Исаија.
6А Исаија им рече: »Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не прали се од зборовите, што ги чу, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘
7Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе известување, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.«
8Се врати Рапсак и го најде асирскиот цар, како војува против Ливна, зашто беше чул, дека тој тргнал од Лахис.
9Чу царот и за етиопскиот цар Тарак, за кого му рекоа: »Ете, тој излезе да се судри со тебе.« И пак испрати пратеници при Језекија да кажат:
10»Вака кажете му на јудејскиот цар Језекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Ерусалим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘
11Зар не си чул, што направија асирските цареви со сите земји, уништувајќи ги наполно, – та ти ли ќе се избавиш?
12Боговите на овие народи, што ги сотреа татковците мои, ги спасија ли? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Фарес и синовите на Еден, кој е во Таласар?
13Каде е царот Ематски, и царот Арфадски, и царот на градот Сепфариум, на Ана и на Ава?«
14Тогаш Језекиј го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, отиде во домот Господов, и го објави Језекија пред лицето Господово;
15и се молеше Језекиј пред лицето Господово и велеше: »Господи, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти си еденствен Бог на сите земни царства. Ти го создаде небото и земјата.
16Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирима, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!
17Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни,
18и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изработки на човечки раце, – дрво и камен, затоа и ги истребија.
19И сега, Господи Боже наш, спаси ни од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.«
20Тогаш Исаија, синот Амосов, испрати да му кажат на Језекија: »Вака вели Господ, Бог Израилев: ‚го чув ова за кое ти Ми се молеше против асирскиот цар Сенахирим.‘
21Еве го словото, што Господ го изрече за него: ќе те презре, ќе ти се потсмевне девствената Сионова ќерка, по тебе ќе ја заниша главата ќерката Ерусалимска.
22Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо го крена очите? Против Светецот Израилев?
23Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: – со многу коли се качив на горските височини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најкрајното пристаниште негово, во гасталакот на градината негова;
24ископав и пиев туѓа вода, и ги пресушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.
25Зар не си чул, дека Јас одамна сум го направил тоа, во старедревни дни сум го преднацртал, а сега го исполнив преку тоа, што ти опустошуваш утврдени градови, претворувајќи ги во купишта урнатини?
26и жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа како полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее.
27Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас си знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене.
28Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по истиот пат, по кои си дошол.
29И, еве ти знак: јадете го оваа година никнато од паднатото зрно, до година – самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.
30И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора,
31зашто од Ерусалом ќе произлезе остатокот, и спасеното – од гората Сион. Ревноста на Господа Саваот ќе го направи тоа.
32Затоа вака говори Господ за асирскиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.
33По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ.
34Јас ќе го пазам тој град, за да го запазам за Себеси и за Мојојт слуга Давида.«
35И се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор порази сто и осумдесет и пет илјади. Изутрината кога станаа, а тоа сѐ мртви тела.
36Тргна, отиде и се врати асирскиот цар Сенахирим, и живееше во Ниневија.
37И кога се клањаше во домот на Месераха, својот бог, го убија со меч синовите негови Адрамелех и Сарсар, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асардан.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.