1И му рекоа Ефремовците: »Зошто направи така, та нѐ повика, кога замина да војуваш против Мадијамците?« И многу се караа со него.
2Гедеон им одговори: »Па што направив така, како вие сега? Нели се пабирките на Ефрема подобри од гроздоберот на Авиезер?
3Во ваши раце Бог ги предаде мадијамските кнезови Орива и Зива, и како можев јас да сторам такво нешто, како вие?« Тогаш духот нивни спрема него се смири штом тој им ги кажа тие зборови.
4А кога дојде Гедеон кај Јордан, го премина тој и тристоте души, што беа со него. Тие беа уморни поради гонењето на непријателот.
5И им рече тој на жителите на Сокхот: »Дајте им леб на овие мажи што се со мене, зашто се гладни; јас ги гонам мадијамските цареви Зевеја и Салмана.«
6Сокхотските началници рекоа: »Зар раката на Зевеја и Салмана е веќе во твои раце, та да ѝ даваме леб на војската твоја?«
7Гедеон одговори: »Не така, туку кога Господ ќе ги предаде Зевеја и Салмана во рацете мои, јас ќе ги уништам телата ваши со трње од пустињата и со боцки.«
8Оттука отиде во Фануил и им го рече истото на неговите жители, и фануилските жители му одговорија, како што одговорија жителите на Сокхот.
9Тој им кажа и на фануилските жители: »Кога ќе се вратам во мир, ќе ја растурам таа кула.«
10А Зевеј и Салман беа во Каркара и војските нивни со нив до петнаесет илјади, сѐ што беше останало од сета војска на жителите од исток; а паднаа сто и дваесет илјади души мечоносци.
11И отиде Гедеон при оние што живееја во шатори на исток од Нов и Јегевал и го разби логорот, кога логорот стоеше безгрижно.
12Зевеј и Салман избегаа; тој се спушти по нив и ги фати двајцата цареви – Зевеја и Салмана, и го доведе во збрка целиот логор.
13Тогаш Гедеон, синот на Јоаса, се врати од војната пред изгревот на сонцето.
14И фати едно момче од жителите сокхотски и го распраша; и тој му ги напиша имињата на началниците и старешните сокхотски – седумдесет и седум души.
15Потоа дојде кај жителите сокхотски и рече: »Ете, Зевеј и Салман, за кои ми се потсмевавте, велејќи: ‚Зар раката на Зевеја и Салмана е веќе во твои раце, та да им даваме леб на твоите изморени дуѓе?‘«
16И зеде трње од пустињата и боцки, па ги казни со нив градските старешини, жители на Сокхот.
17и ја сруши фануилската кула и ги уби градските жители.
18И му рече на Зевеја и Салмана: »Какви беа оние, што ги убивте на Тавор?« Тие одговорија: »Беа како тебе – секој прилегаше на царски син.«
19Гедеон рече: »Тие беа мои браќа, синови на мајка ми! Господ нека ми е сведок: да бевте ги оставиле живи, не би ве убил ни јас.«
20И му рече на Јетера, својот првороден син: »Стани, убиј ги!« Но момчето не го извади мечот свој; се плашеше, бидејќи беше уште млад.
21Тогаш Зевеј и Салман рекоа: »Стани сам и порази нѐ, зашто според човекот е и силата негова.« И стана Гедеон, и ги уби Зевеја и Салмана, и ги зеде веришките, што беа околу вратовите на камилите нивни.
22И му рекоа Израилците на Гедеона: »Владеј со нас ти и син ти и внук ти, бидејќи ти нѐ спаси од рацете на Мадијамците.«
23Гедеон им одговори: »Ниту јас ќе владеам со вас, ниту мојот син ќе владее со вас; Господ нека владее со вас.«
24И им рече уште Гедеон: »Ве молам за едно, дајте ми секој по еден накит од пленот свој. Зашто непријателите, бидејќи беа Исмаилци, имаа многу златен накит.«
25Тие одговорија: »Ќе дадеме.« И послаа една облека и фрлаше таму секој по еден накит од пленот свој.
26Златните накити, што тој ги измоли, тежеа илјада и седумстотини сикли, освен веришките, копчињата и пурпурните одежди, што ги носеа мадијамските цареви, и освен златните веришки што беа на вратовите од камилите нивни.
27Од тоа Гедеон направи Ефод и го стави во својот град, во Ефрат; и почнаа сите Израилци блудно да одат таму, по ефодот, кој беше замка за Гедеона и целиот дом негов.
28Така се смирија Мадијамците пред синовите Израилеви и повеќе не кренаа глава, и земјата беше спокојна четириесет години во деновите на Гедеона.
29И отиде Јероваал, Јоасовиот син, и живееше во својот дом.
30Гедеон имаше седумдесет сина, произлезени од бедрата негови, бидејќи имаше многу жени.
31А и наложницата, која живееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех.
32И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Ефрат Авиезеров.
33Откако умре Гедеон, Израилевите синови пак почнаа да одат блудно по Вааловци и го поставуја за свој бог Ваалверита.
34Израилевите синови не се сетија на Господа, својот Бог, Кој ги беше спасувал од рацете на сите околни непријатели,
35и кон домот на Јероваала, односно на Гедеона, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи Тој на Израилот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.