Галатјаните 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Потребна е кротост и да се прават добрини. Нужно е чување од лажни учители. Христовиот крст за нас е едно и сѐ.

1Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.

2Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов.

3Зашто оној, кој што сам себе се смета за нешто, а е ништо, тој се мами самиот себе.

4Секој нека си ги испита делата свои, и тогаш ќе има пофалба само во себеси, а не пред друг,

5оти секој ќе го понесе своето бреме.

6А оној, што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној, кој што го учи.

7Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее:

8кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.

9Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, не заморувајќи се.

10И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.

11Ете колку многу ви напишав со својата рака.

12Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети поради крстот Христов.

13Оти, и оние, што се обрезуваат, сами не пазат на Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се пофалат со вашето тело;

14а мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот.

15Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новата твар.

16На оние што постапуваат по тоа правило, нека биде мир и милост, ним и на Израилот Божји!

17И така, никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам на своето тело раните на Господа Исуса.

18Благодатта на нашиот Господ, Исуса Христа нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help