1И тргна Израил со сѐ што имаше, па, откако дојде во Вирсавија, Му принесе жртва на Бога од таткото свој Исака.
2И му рече Бог на Израила ноќе во видение; »Јакове! Јакове!« А тој одговори: »Еве ме!«
3Тогаш Бог му рече: »Јас сум Бог, Бог на таткото твој. Не плаши се да слезеш во Египет, оти таму ќе направам од тебе голем народ.
4Јас ќе слезам со тебе во Египет, и Јас пак ќе те вратам ваму; и Јосиф ќе ги заклопи очите твои.«
5И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите Израилеви го сместија Јакова, таткото свој, и децата свои, и жените свои и имотот свој во колите, што беше им ги пратил Јосиф, за да го доведат.
6И го зедоа доботокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во земјата Хананска, и дојдоа во Египет – Јаков и сиот негов род заедно со него.
7Тој ги доведе со себе во Египет синовите свои и внуците свои, и ќерките свои и внуките свои, и целото свое потомство.
8А ова се имињата на децата Израилеви, кои дојдоа во Египет: Јаков и синовите негови. Првенецот на Јакова Рувим.
9Синовите Рувимови: Енох и Фалос, Асрон и Харми.
10Синовите Симеонови: Јемуил, Јамин, Аод, Јахим, Соар, и Саул, син на Хананејката.
11Синовите Левиеви: Гирсон, Кат и Мерариј.
12Синовите Јудини: Ир, Авнан, Силом, Фарес и Зара; но Ир и Авнан умреа во земјата Хананска. Синови Фаресови беа Есрон и Хамуил.
13Синови Исахарови: Тула, Фува, Јов и Симрон.
14Синови Завулонови: Серед, Алон и Ахоил.
15Тоа се синовите Лиини, што му ги роди на Јакова во Месопотамија Сириска, заедно со Дина, ќерката негова. Сите синови и ќерки негови беа триесет и три души.
16Синови Гадови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј.
17Синови Асирови: Емна, Есва, Усвиј и Вериј – и сестрата нивна Сара. А синови на Вериј беа: Хевор и Мелхил.
18Тоа се синовите на Зелфа, која ѝ ја даде Лаван на Лија, ќерката своја; таа му роди на Јакова шеснаесет души.
19Синови, пак, на Рахил, жената на Јакова, беа: Јосиф и Венијамин.
20А на Јосифа во Египет му се родија од Асенета, ќерката на Петефриј, жрецот илиополски: Манасија и Ефрем.
21А синови Венијаминови беа: Вела, Вехер и Асвил; синови Велови: Гира, Наман, Ихиј, Рос, Упим, а Гира го роди Арад.
22Тоа се синовите на Јакова, што му го роди Рахил, – вкупно четиринаесет души.
23А син Данов: Асом.
24Синови Нефралимови: Асил, Гуниј, Есер и Силим.
25Тоа беа синови на Вала, која ѝ ја даде Лаван на ќеката своја Рахил; таа му роди на Јакова вкупно седум души.
26Сите, кои дојдоа со Јакова во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души.
27И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; сите души, значи, во домот на Јакова, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет.
28Израил го прати Јуда кај Јосифа пред себе, за да го сретне во сирискиот град – Гесем, во земјата Гесемска.
29Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излезе во пресрет на Израила, таткото свој, во сирискиот град Гесем; и кога го виде Јаков, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов.
30Потоа Израил му рече на Јосифа; »Сега, бидејќи со свои очи видов, оти си жив, можам да умрам.«
31А Јосиф им рече на браќата свои – »Одам да му соопштам на Фараонот и ќе му речам: ‚Браќата мои и семејството на таткото мој, кои беа во земјата хананска, дојдоа кај мене.
32Тие се луѓе овчари; од секогаш се занимавале со сточарство; и ги доведоа со себе овците и говедата свои и сѐ што имаа.‘
33А кога Фараонот ќе ве повика и ќе ве праша: ‚Каква работа работите,‘
34вие кажете: ‚Овчари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ – за да останете во земјата Гесем Арабиски. Оти Египтјаните сите овчари ги сметаат за нечисти.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.