2 Летописи 22 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Владеењето на Охозија и убиствата извршени од јудејската царица Готолија.

1Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејќи сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, – и така стана цар Охозија, синот на јудејскиот цар Јорама.

2Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Еруслим една година; мајка му се викаше Готолија, ќерка на Амврија.

3И тој исто така одеше по патиштата на Ахавовиот дом, зашто мајка му беше негова советничка во незаконските дела.

4Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, како домот Ахавов, зашто по смртта на татка му тој дом му беше советник, за негавата пропаст.

5И, следејќи го нивниот совет, Охозија отиде со израилскиот цар Јорама, син Ахавов, во војна против Азила, сирискиот цар, во Рамот Гладски. И Сиријците го ранија Јорама;

6тој се врати во Израил да се лекува од раните, што му ги нанесоа во Рама, кога војуваше со Азаила, сирискиот цар. И Охозија, синот Јорамов, цар јудејски, дојде да го посети Јорама, синот Ахавов, во Израел, бидејќи тој беше болен.

7Тоа беше од Бога за пропаст на Охозија, затоа што тој дојде при Јорама; зашто, откако дојде, излезе со Јорама против Јуја, синот Намесиев, кого Господ го беше помазал за истребување на домот Ахавов.

8Кога Јуј извршуваше суд над домот Ахавов, ги најде кнезовите јудејски и синовите на Охозиевите браќа, кои му служеа на Охозија, и ги уби.

9Тогаш заповеда да го бараат Охозија; го фатија, кога се криеше во Самарија; го доведоа при Јуја, го убија и го погребаа, зашто велеа: тој е син на Јосафата, кој Го бараше Господа со сето срце свое! И не остана во домот Охозиев никој, кој би можел да царува.

10А Готолија, Охозиевата мајка, откако виде, дека син ѝ умрел, стана и го погуби сиот царски род на Јудиниот дом.

11Но царската ќерка Јосавета го зеде Охозиевиот син Јоаса, го грабна меѓу царските синови, кога ги убиваа, и го скри со хранителката во спалната соба. На тој начин Јосавета, ќерката на царот Јорама, жена на свештеникот Јодаја, сестра на Охозија, го сокри Јоаса од Готолија, и таа не го уби.

12И го криеја кај нив во домот Божји шест години; а над земјата царуваше Готолија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help