1Духот на Господа Бога е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните, Ме испрати да лекувам сокрушени по срце, да им приповедам на заробените и на затворениците – отворање на темницата,
2да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог; да ги утешам сите оние што тагуваат,
3да им соопштам на оние што тагуваат на Сион, дека ним место пепел ќе се даде украсување, место плачење – елеј на радост, место опаднат дух – славна одежда; и ќе ги наречат силни со правда, градина на Господа за Негова слава;
4и ќе ги изградат вековните пустињи, ќе востановат стари урнатини и ќе подноват разурнати градови, запустени од дамнешни родови.
5Тогаш ќе дојдат туѓинци, и ќе ги пасат стадата ваши; синовите на туѓинците ќе бидат ваши земјоделци и ваши лозари.
6А вие ќе се нарекувате свештеници на Господа, – служители на нашиот Бог ќе ве нарекуваат; ќе се користите со имотот на народите и ќе се прославувате со нивната слава.
7Заради тоа што бевте посрамени двојно ќе ви биде дадено; поради навредувањето тие ќе се радуваат на својот дел, зашто во земјата ќе добијат двојно; вечна веселба ќе има кај нив.
8Оти Јас, Господ, ја сакам правдата, го мразам грабежот со насилството, и ќе им дадам награда според вистината и ќе направам со нив вечен завет;
9и семето нивно ќе биде познато меѓу народите, и потомството нивно – меѓу племињата; сите, што ќе ги видат, ќе познаат, дека се тие семе благословено од Господа.
10Многу ќе се радувам во Господа, душата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Он ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда, како на младоженец ми стави венец и како невеста со накит ме украси.
11Зашто – како што земјата ги произведува растенијата свои, и како што во градината расте сѐ што ќе се посее – така Господ Бог ќе направи да никне правда и слава пред сите народи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
