Галатјаните 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Оправдување преку вера имало уште при Авраама. Законот беше чувар до Христа.

1О неразумни Галатјани! Кој ве замаја, та не се покорувате на вистината, вие, пред чии очи Исус Христос беше изобразен, а сега, еве, меѓу вас се распна?

2Само ова сакам да го узнаам од вас: преку делата по Законот ли го добивте Духот или преку послушноста во верата?

3Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телото ли сега завршувате?

4Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо!

5Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го врши тоа, или преку послушноста во верата?

6Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се прими за оправдание.

7Знајте, пак, дека оние, што се потпираат на верата, се синови Авраамови.

8И Писмото, како што предвидуваше, оти Бог преку вера ги оправдува иноверците, однапред му благовести на Авраама: »Во тебе ќе бидат благословени сите народи.«

9И така, оние, што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам;

10а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Оти е напишано: »Проклет да е секој, кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!«

11А дека преку Законот никој не се оправдува пред Бога, се знае, оти »Праведниот ќе живее преку верата.«

12А Законот не е од верата, туку зборува: »Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив«.

13Христос нѐ искупи од клетвата на Законот, откако поради нас стана клетва, бидејќи е напишано: »Секој да е проклет што виси на дрво!«,

14та благословот на Авраама да се распространи над незнабошците, за да Го добиеме ветениот Дух преку верата.

15Браќа, зборувам на човечки начин: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растури или дополни.

16Но ветувањата му беа дадени на Авраама и на семето негово. Не е речено: »и на семињата«, како за мнозина, а за еден: »и на семето твое«, кое е Христос.

17Јас, пак, велам дека Законот што се јави по четиристотини и триесет години, не го одменува порано утврдениот од Бога завет за Христа, та ветувањето да ја изгуби силата,

18оти, ако наследството е по Законот, тоа веќе не е според ветувањето; а на Авраама му го дарува по ветување.

19Зошто е, пак, даден Законот? Тој се додаде поради престапите, додека не дојде семето, на кое се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, преку рака на посредник.

20Но посредникот не бива само посредник на еден, а Бог е еден.

21Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Оти, ако беше даден закон, што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе излегуваше од Законот.

22Но Писмото сите ги затвори под грев, та ветеното да им се даде на оние, кои веруваат во Исуса Христа.

23Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата, која имаше да се открие.

24И така, Законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата;

25а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.

26Оти сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса;

27сите, што е крстивте во Христа, во Христа се облековте.

28Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса.

29А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help