1Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова.
2Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови,
3го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.
4Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.
5Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегнеш гневот Свој од род во род?
6Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе?
7Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
8Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог, зашто Он ќе зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обраќаат Нему.
9Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја.
10Милоста и вистината ќе се сретнат, правдата и мирот ќе се целиваат.
11Вистината ќе изникне од земјата, а правдата ќе се појави од небото;
12Зашто Господ ќе даде добро, и нашата земја ќе го даде својот плод;
13правдата ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
