1Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленство градат храм на Господа, Бога Израилев;
2и дојдоа тие при Зороавела и при кнезовите на родовите и им рекоа: »Ќе градиме и ние со вас, зашто и ние како вас прибегнуваме кон вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Асардана, асирскиот цар, кој ни пресели овде.«
3Им одговорија Зороавел, Исус и другите кнезови на родовите израилски: »Не бива да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господа, Бога Израилев, како што ни заповеда Кир, царот персиски.«
4Тогаш народот на онаа земја зеде да им ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето;
5и поткупуваа советници против нив, за да ја расипуваат намерата нивна за сите дни на Кира, царот персиски, до царувањето на Дарија, цар персиски.
6А во царувањето на Артаксеркса – во почетокот на царувањето негово – напишаа обвинение против жителите на Јудеја и на Ерусалим.
7Исто така во дните на Артаксеркса пишуваа и Бислам и Митридат, и Гавеил и други нивни другари до Артаксеркса, царот персиски. Писмото беше напишано со сириско писмо и на сириски јазик.
8Реум, старешина на Сампса, писар, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс:
9»Тогаш и тогаш, Реум и другите нивни другари, – Динејците, Афарсалутејците, Тарфалејците, Арфацејците, Архиејците, Вавилонците, Сусанахејците, Савејците, Еламитите
10и други народи, што ги пресели големиот и славниот Асенафар и ги насели во градовите самариски и во другите градови од онаа страна на реката, и други народи.
11Еве препис од писмото, што му го испратија нему – до царот Артаксеркс, твоите слуги, луѓето, што живеат од онаа страна на реката итн.
12Да знаеш, царе, дека Јудејците, што излегоа од тебе и дојдоа при нас во Ерусалим, тој бунтован и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија.
13Но да знаеш, царе, дека, ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обновени, тие нема да плаќаат ни данок, ни плодови, ни царина, и царската ризница ќе има загуба.
14А бидејќи јадеме сол од царскиот дворец, и ние можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испраќаме известување до царот.
15Нека се побара во книгата на спомените на татковците твои, – и ќе се најде во таа книга на спомени и ќе се дознае дека овој град е град одметник и пакостен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил опустошен.
16Затоа му соопштуваме на царот, дека, ако овој град биде изграден и ѕидиштата негови поправени, потоа нема да имаш владеење од онаа страна на реката.«
17Царот му испрати одговор на Реума, старешината, Валтам и на Сампфа, писарот, и на другите нивни другари, што живеат во Самарија и во другите градови од онаа страна на реката: Мир… итн.
18»Писмото, што ми го испративте, ми беше јасно прочитано;
19и јас заповедав, – и бараа и најдоа, дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него настанувале одметнувања и буни,
20и дека во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина.
21И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас.
22Бидете внимателни, за да не испуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?«
23Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Реума и Сампфа, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим при Јудејците и со силно вооружена рака им ги забранија работите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.