1 Летописи 27 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Кнезовите на дванаесетте редови во војската племенски старешини.

1Еве ги синовите Израилеви според нивниот број, начланици на родовите, илјадниците, стотниците и управителите, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.

2Над првото одделиние, за првиот месец, началник беше Извоаз, син Завидиилов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;

3тој беше од Фаресовите синови и началник над сите војводи во првиот месец.

4Над одделинието за вториот месец беше Додај, Екхотецот; во одделението негово беше и кнезот Макелот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

5Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодаја; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади;

6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделиние се наоѓаше синот негов Завад.

7Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавав брат, и по него синот негов Завадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

8Петтиот, за петтиот месец, беше кнезот Самаот, син Језраев; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

9Шести, за шестиот месец, беше Одуј, Екисов син, Текуец; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

10Седми за седмиот месец, беше Хелис, Фалусјанин, од Ефремовите синови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади.

11Осми, за осмиот месец, беше Совохај, Усатитјанин од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири илјади.

13Десетти, за десеттиот месец, беше Махрај, Нетофатец, од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

14Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Фаратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

15Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше Холдиј, Нетофатец, од потомците Готониилови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

16А над Израилевите колена кнезови беа: во Рувимовото – Елиезер, син Зехриев; во Симеоновото – Сафатија, син Мехиев;

17во Левиевото – Асавија, син Кемуилов; во Аронотвото – Садок;

18во Јудиното – Елијав, од Давидовите браќа; во Исахаровиот – Амри, Михаилов син;

19во Завулоновото – Самаија, Авдиев син; во Нефталимовото Јеримот, Озиилов син;

20во Ефремовото синови – Осиј, Азазиев син; на полуплемето Манасиево – Јоил, Фадеев син;

21во полуплемето Манасиево во Галад – Јадај, Завадиев син; во Венијаминовото – Јасиил, Авениров син;

22во Дановото – Азариил, Јорамов син. Тоа беа водачите на Израилевите племиња.

23Давид не ги преброи оние ште беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол, дека го умножи Израилот како ѕвездите небески.

24Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израилот поради тоа пребројување, и тоа не влезе во летописите на царот Давида.

25Над царските сокровишта беше Асмот, Одилиев син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиев син;

26а над оние, што работеа полски работи, со земјоделие, беше Ездрај, Хелувов син;

27над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, син Сефамиев,

28над маслините и смоквите во полињата – Геторјанинот Валанан, а над одделенијата со елеј – Јоас;

29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Страј, а над добитокот во долините – Адаиновиот син Софат;

30над камилите – Исмаилецот Увиј; над ослите – Маротонецот Јадија;

31над ситниот добиток – Агаритецот Јоас. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;

32Јонатан, Давидовиот стрико, беше советник, човек умен и писмен; и Јеил, Акаманиев син, беше при царските синови;

33Ахитофал беше царев советник; а Хусија – царев пријател;

34а по Ахитофела беа Јодај, син Ваниев, и Авијатар; Јоав, пак, беше прв царев војвода.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help