Исаија 55 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Силата на Божјите зборови.

1Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои немате сребро, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без сребро и без плаќање.

2Зошто да давете сребро за она, што не е леб, и заработката своја – за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете, што е добро, и душата ваша нека се наслади со мрс.

3Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ќе биде жива, – ќе ви дадам вечен завет, неизменливи милости, ветени на Давида.

4Ете, Него го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите.

5Ете, ти ќе повикаш народ, што не си го познавал, и народите, кои не те познавале, ќе побрзат кон тебе, заради Господа, твојот Бог, заради светецот Израилев, зашто Он те прослави.

6Барајте го Господа, кога можете да Го најдете; викајте Го додека е близу.

7Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрне кон Господа, нашиот Бог, – и Он ќе го помилува, зашто е многу милостив.

8Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ.

9Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли.

10Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб на оној, кој јаде,

11така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што му е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас.

12И така, вие ќе излезете во веселба и ќе бидете испратени со мир; горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат.

13Место трн ќе израсне кипарис; место коприва ќе израсне мирта; и тоа ќе биде за слава на Госпдоа, за вечен знак, неразрушив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help