1Ако некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејќи нашол кај неа срамна работа, па ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја,
2а таа откако ќе излеззе од куќата негова, се омажи за друг,
3па, ако и тој маж ја намрази и ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете најзини, и ја испрати од куќата своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре, –
4тогаш првиот маж нејзин, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господа, твојот Бог: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство.
5Ако некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел.
6Никој да не зема во залога ни горен ни долен воденички камен, бидејќи таквиот во залог зема душа.
7Ако биде фатен некој дека украл некого од браќата свои, од синовите Израилеви, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од самите себе.
8При болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ќе ви го кажат свештениците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал;
9помни, што ѝ направи Господ, твојот Бог, на Маријам по патот, кога бевте излегле од Египет.
10Кога ќе дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог,
11туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ќе ти го изнесе залогот надвор;
12ако е, пак, човекот сиромав, да не преноќева залогот негов кај тебе;
13врати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ќе ти се смета за милост пред Господа, твојот Бог.
14Не оставај го без награда бедниот и сиромавиот од твоите браќа или од придојдените, кои се во градовите твои;
15предај му ја наградата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејќи тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господа, за да не падне гнев врз тебе.
16Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради татковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев.
17Не загорчувај го поминот на придојдениот, сиромавиот и вдовицата, и од вдовица не земај облека во залог;
18сети се, дека и ти беше роб во Египет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги исполнуваш овие наредби.
19Кога жнееш на нивата своја во твоето поле и заборавиш сноп на нивата твоја, не враќај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, и сиромавиот, и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои.
20Кога ги береш маслинките свои, не враќај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиромавиот и вдовицата. Па сети се дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.
21Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ќе остане по тебе: нека остане тоа за дојдениот, сиромавиот и вдовицата;
22и не заборави, дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.