Јеремија 47 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пророкување за пропаста на Филистеја, на Тир и на Сидон.

1Слово Господово што дојде до пророкот Јеремија за Филистејците, пред Фараонот да ја порази Газа.

2Така вели Господ – еве, се креваат од север води, што ќе се претворат во буен поток и што ќе ја потопат земјата и сѐ што ја исполнува, градот и жителите во него: тогаш ќе повикаат луѓето и ќе заплачат сите жители на земјата.

3Од топотот на копитата од силните коњи и од татнежот на неговите коли, од чкртањето на тркалата нивни, татковците не ќе можат да управат поглед кон децата свои, бидејќи рацете нивни ќе им отпаднат

4од оној ден што ќе дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејќи Господ ќе ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор.

5Ќе оќелавее Газа, ќе пропадне Аскалон и остатокот од нивната долина.

6До кога ќе сечеш, о мечу Господов, кога ќе престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се.

7Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Аскалон и против морскиот брег; натаму Он го определи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help