2. Макавејска 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Втората египетска војна.

1Во тоа време Антиох започна втора војна против Египет.

2Во тие денови, речиси цели четириесет дена, над целиот град во воздухот се гледаа коњаници, во златна облека и вооружени со копја, слични на војници;

3стројни борбени коњички редови, напади и отстапувања на едната и на другата страна, размавнување со штитови и многу копја и мечеви, фрлање стрели, болскав сјај на златни оклопи и секаков вид оружје.

4Затоа сите се молеа таа појава да биде за добро.

5Кога потоа се прошири глас дека божем Анитох умрел, Јасон собра не помалку од илјада души и го нападна градот, а штом се искачија на градските ѕидови, и откако градот беше преземен, Менелај избега во тврдината.

6А Јасон безмилосно ја пролеваше крвта на своите сограѓани, не помислувајќи оти успехот против еднородните браќа е најголемото зло, па си замислуваше дека добил победа над непријателите, а не над еднородните браќа.

7Но сепак тој не доби никаква власт, туку срамно го заврши своето предавство и беше одново принуден да бара прибежиште во Амонитската земја.

8Крајот на неговиот лош живот беше ваков: обвинет пред арабјанскиот владетел Арета, тој бегаше од град во град, од сите прогонуван и мразен како отстапник од законите и презиран како непријател од својата татковина и своите сограѓани, беше протеран во Египет.

9Оној што изгони толку многу луѓе од својата татковина, самиот загина во туѓа земја, откако појде кај Лакедемонците со надеж оти меѓу нив ќе најде за себе прибежиште поради роднинството што го имаше со нив.

10Оној кој остави многумина без погреб, и самиот остана неоплакан и неудостоен со погреб, ниту со гробот на своите татковци.

11Кога царот разбра за сето тоа, тој помисли оти Јудеја се одвојува од него, па се дигна од Египет со разгневена душа и го зазеде градот со својата вооружена рака.

12Тој им заповеда на своите војници безмилосно да ги бијат сите што ќе ги видат и да ги убиваат оние што се кријат по куќите.

13Така изгинаа млади и стари, умртвија мажи, жени и деца, заклаа девојки и младичи.

14Во три дни загинаа осумнаесет илјади: четиринаесет илјади паднаа од раката на убијците, а не помалку од убиените беа оние што беа продадени.

15Но незадоволен ни од тоа, тој се осмели да влезе и во најсветиот храм на целата земја, имајќи го за водач Менелаја, тој предавник на законите и на татковината.

16Тој ги земаше светите садови и другите свети предмети со своите нечисти раце, подарени од други цареви за благослов и напредок, поради славата и достоинството на ова свето место.

17Антиох, заслепен од своите горди мисли, не можеше да разбере дека Господ за кусо време се разгневи поради гревовите на граѓаните, поради што го остави градот без заштита.

18Ако тие не беа натрупани со многу гревови, тоа и Илиодор, кој беше испратен од царот Селевк, да ја прегледа храмовата ризница, и тој штом би влегол, би бил веднаш казнет и би се откажал од своето безумство.

19Но Господ не го избра народот заради светото место, туку го избра светото место – заради народот.

20Затоа и светото место, имајќи дел од народните неволји, зеде дел од Божјите добрини, па макар да беше изоставено поради гневот на Севишниот, пак беше издигнато во целата своја слава, откако се смилува Великиот Господ.

21И така, Антиох, откако однесе од храмот осумстотини таланти, па побрза да се врати во Антиохија, мислејќи во својата гордост дека земјата може да ја направи погодна за пловење, а морето за сувоземни патишта;

22за настојник во Ерусалим го остави Филипа, родум од Фригија, а по нарав пожесток и од оној што го постави,

23а во Гаризин го постави Андроника, а освен нив, и Менелаја, кој управувал уште полошо од другите над јудејските граѓани.

24Потоа го испрати својот намесник Аполонија со дваесет и две илјади војници, откако му заповедал да ги убијат сите возрасни мажи, а жените и децата да ги продадат.

25Кога дојде во Ерусалим, тој се правеше како мирољубив човек; почекал до светиот саботен ден, и тогаш ја искористил саботната починка на Јудејците, па на своите луѓе им заповеда да се вооружат.

26Сите што биле да ја гледаат војската, нив најнапред ги убил, а потоа заедно со својата војска се втурнал во градот и исклал многу народ.

27Тогаш Јуда Макавејски, десетти во својот род, се повлече во пустињата и живееше со своите приврзаници по планините како ѕверовите; се хранеше со трева, за да не биде соучесник во осквернувањето.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help