1Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна?
2И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава.
3Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали.
4Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои.
5Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја.
6Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во утринските часови за Тебе размислувам,
7зашто Ти си ми помошник и во сенката на Твојата закрила ќе воскликнувам.
8Кон Тебе се приближи душата моја, твојата десница ме поддржува.
9А оние кои залудно го побараа мојот живот, ќе слезат во пеколот!
10Ќе бидат поразени со силата на мечот; ќе станат плен на лисиците.
11А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе им се затне устата на оние што говорат неправда.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
