2. Коринтјаните 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Продолжение.

1Во врска со помагањето на светиите сметам дека не треба да ви пишувам,

2зашто ја знам вашата ревност, за која се фалам со вас пред Македонците дека Ахаја приготвила помош уште од лани; и вашата ревност поттикна мнозина.

3А браќата ги испратив, та да не би нашата пофалба за вас да излезе овој пат напразно, туку како што зборував, бидете приготвени.

4Па, ако дојдат со мене Македонци и ве најдат неприготвени, да не би да останеме посрамени ние – за да не велиме вие, откако ве пофаливме со таква увереност.

5Затоа сметав за потребно браќата да ги замолам да дојдат лично кај вас и да се погрижат порано, така што најавената ваша милостиња да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.

6Ова, пак, ви го велам: кој скржаво сее, скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.

7Секој да дава од сѐ срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава.

8А Бог е силен да умножи во вас секаква благодат, та, имајќи секогаш доволно сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело,

9како што е напишано: »Растури, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна«.

10А Оној, Кој му дава на сеачот семе, ќе му даде и леб за храна; Он ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да израсте житото на вашата правда,

11па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.

12Бидејќи извршувањето на таа служба не само што ги надополнува недостатоците на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога;

13и тие, користејќи ги плодовите од таа служба, Го прославуваат Бога за вашето покорно признавање на Евангелието Христово, и за простосрдечната заедница, со нив и со сите други;

14и се молат за вас, бидејќи многу ве сакаат, за преизобилната благодат Божја во вас.

15Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажан дар!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help