1И му рече Господ на Мојеја, велејќи:
2»Јави му на Арона и кажи му: кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум канцилца.«
3Арон така и направи: отспреди на светилникот ги запали кандилцата негови, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
4И еве како е направен светилникот: излеан е од злато – од стеблото негово до цветовите негови; тој го направи светилникот според образецот, што Господ му го беше покажал на Мојсеја.
5И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
6»Земи ги левитите меѓу синовите Израилеви и очисти ги.
7А за да ги очистиш, постапи со нив вака: пороси ги со вода за очистување, и нека го избричат со брич целото тело свое и да ги исперат алиштата свои, па ќе бидат чисти.
8И да земат едно теле од воловите и заедно со него и жртва принос од пченично брашно, измешано со елеј, и друго теле нека земат – жртва за грев.
9И доведи ги левитите пред скинијата на сведоштвото и собери го целото општество на синовите Израилеви;
10доведи ги левитите пред Господа, а синовите Израилеви нека ги стават рацете свои врз левитите.
11Арон, пак, да го изврши над левитите посветувањето нивно пред Господа од страна на синовите Израилеви за да Му служат на Господа;
12а левитите да ги ставаат рацете свои врз главите на телињата, и едното да го принесе како жртва за грев, а другото за сепаленица на Господа, за да се смили над нив Господ.
13Потоа постави ги левитите пред Арона и пред синовите негови и тие да го извршат над нив посветувањето нивно во Господа;
14така оддели ги левитите од синовите Израилеви, па левитите да бидат Мои.
15Потоа левитите, откако ќе ги очистиш и ќе го извршиш над нив посветувањето нивно, да влезат да служат во скинијата на сведоштвото; зашто тие Ми се дадени меѓу синовите Израилвеи;
16бидејќи место сите првородени од синовите Израилеви, кои отвораат секоја утроба, Јас ги зедов за Себе.
17Зашто Мои се сите првородени меѓу синовите Израилеви, од човек до добиток: во оној ден, кога Јас ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас ги осветив за Себе,
18и ги зедов левитите место сите првородени меѓу синовите Израилеви.
19Меѓу синовите Израилеви левитите му ги предадов на Арон а на синовите негови, за да служат место синовите Израилеви при скинијата на сведоштвото и да внимаваат на синовите Израилеви да не им се случи зло, ако се доближат до светилиштето.«
20Така и постапија со левитите Мојсеј и Арон и целото општество на синовите Израилеви; како што му заповеда Господ на Мојеја за левитите, така и постапија со нив синовите Израилеви.
21И левитите откако се очистија и ги испраа облеките свои, Арон изврши над нив посветување пред Господа и ги очисти, и се помоли за нив за да бидат чисти.
22Потоа левитите влегоа да служат во скинијата на сведоштвото пред Арона и пред синовите негови. Како што му заповеда Господ на Мојсеја за левитите, така и направи со левитите.
23И му рече Господ на Мојсеја, велејќи: »Еве го законот за левитите: од дваесет и пет години и нагоре да стапуваат на служба при скинијата на сведоштвото,
24а од педесет години натаму да престанат да служат и повеќе да не работат;
25а тогаш тие нека им помагаат на браќата свои да чуваат стража при скинијата на сведоштвото, но служба да не служат, така постапувај со левитите, што се однесува до службата нивна.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.