Откровение 10 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ангелот со книга што Јован ја изедува. Седумте громови.

1И видов друг силен ангел како слегнува од небото, опфатен од облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови;

2во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави десната своја нога над морето, а левата – над земјата;

3и извика со висок глас, како што рика лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови.

4И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој што ми зборуваше: »Запечати го тоа, што зборуваа седумте громови, и немој да го пишуваш!«

5И ангелот, кого го видов да стои над морето и над земјата, крена рака кон небото

6и се заколна во Оној, Кој живее во веки веков, и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него – дека не ќе има веќе време,

7но во деновите, кога седмиот ангел ќе возгласи и затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Он на своите слуги – пророците.

8И гласот, што го бев чул од небото, одново прозборува за мене и рече: »Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот, што стои над морето и над земјата!«

9Тогаш отидов при ангелот и му реков: »Дај ми ја книшката!« Тој ми одговори: »Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.«

10Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата моја беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот мој.

11И ми рече: »Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help