1И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
2»Зборувај со синовите Израилеви и кажи им: ако некој маж има излив од телото свое, неговиот излив е нечист.
3А ова е законот за неговата нечистотија: кога изливот истечува од неговото тело, и кога изливот се задржува во неговото тело, тоа е негова нечистотија во него самиот. Во сите денови на изливот од неговото тело, со што е опфатено неговото тело – тоа е негова нечистотија.
4Секоја постела, на која ќе легне оној што има излив од семе, нечиста е; и секој предмет, на кој ќе седне оној кој има излив од семе, нечист е.
5И кој ќе се допре до неговата постела, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода и да биде нечист до вечерта.
6А и кој ќе седне на некој предмет, на кој седел оној што има излив од семе, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
7И кој се допре до телото на оној што има излив од семе, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и да биде нечист до вечерта.
8Ако оној, што има излив од семе, плукне на чист, тогаш тој да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта;
9и секое седло на добиток, на кое седнал оној што има излив од семе, нечисто да е до вечерта;
10и секој што ќе се допре до што и да било, што било под него, нечисто ќе биде до вечерта; и оној што ќе го крене тоа, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
11И секој, до кого што ќе се допре оној што има излив од семе, а не си ги измил рацете свои, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода и нечист ќе биде до вечерта.
12Гленен, пак, сад до кој што ќе се допре оној што има излив од семе, да се скрши; а секој дрвен сад да се измие со вода и ќе биде чист.
13А кога оној, што има излив од семе, ќе си определи седум дена за очистување свое, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое, со изворска вода, па ќе биде чист;
14а на осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба, и да ги донесе пред Господа при влезот до скинијата на сведоштовото, и да му ги даде на свештеникот.
15А свештеникот едната од тие птици ќе ја принесе како жртва за грев, а другата за сепаленица, а потоа пред Господа за него ќе се помоли за изливот негов.
16Ако некому му се случи излив на семе во сон; тогаш тој треба да го измие со вода целото тело свое и ќе биде нечист до вечерта;
17секоја облека или кожа, на која ќе се излие семе, треба да се испере со вода и ќе биде нечист до вечерта.
18Ако маж легне со жена своја со излиено семе, тие и обајцата треба да се измијата со вода и ќе бидат нечисти до вечерта.
19Кога жена има излив на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека е нечиста, и секој што ќе се допре до неа, да биде нечист до вечерта.
20И си, на што ќе легне таа, додека трае очистувањето нејзино, да е нечисто; и си, на што ќе седна таа, да е нечисто.
21И секој што ќе се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта.
22А и секој, што ќе се допре до постелета нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ќе биде нечист до вечерта.
23И ако некој се допре до што и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа, нечист да биде до вечерта.
24А ако се неа биде некој, нечистотијата нејзина ќе мине на него: ќе биде нечист седум дена, и секоја постела на која ќе легне тој, ќе биде начиста.
25Ако некоја жена има излив на крв многу денови, но не во текот за време очистувањето нејзино, и ако таа има излив подолго од нејзиното обично чистење, си додека трае нечистотојата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое.
26Секоја постела, на која ќе легна таа во деновите на изливот нејзин, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и си она, на што ќе седна таа, да биде нечисто, поради нечистотијата нејзина.
27И секој што ќе се допре до неа, да биде нечист, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое и нечист ќе биде до вечерта.
28А кога жена ќе се исчисти од изливот свој, да изброи седум дена и потоа ќе биде чиста.
29Во осмиот ден да зема две грлици или два млади гулаба и да му ги однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото;
30а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за неа пред Господа поради изливот на нечистотијата нејзина.
31Така пазете ги синовите Израилеви од нивната нечистотија, за да не умрат поради нечистотијата своја, ако го осквернат Моето живеалиште, кое е меѓу нив.
32Тоа е законот за оној што има излив од семе, и за оној што ќе му се случи да има излив на семе при спиење, бидејќи тоа го прави нечист;
33а и за онаа што страда од излив на крв, и за оние што имаа излив, маж или жена, и за маж што ќе преспие со нечиста.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.