1Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоама стана цар Авија над Јуда;
2тој царуваше три години во Ерусалим; мајка му се викаше Михаја, ќерка Урилова, од Гаваон. И Авија водеше војна со Јеровоама.
3Авија изведе во војна војска од храбри луѓе, четиристотини илјади одбрани души, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини илјади души, исто така одбрани јунаци.
4И застана Авиј на врвот од планината Семераим, една од Ефремовата гора, и рече: »Чујте ме, Јеровоаме и сите Израилци!
5Не знаете ли, дека Господ, Бог Израилев, му го даде на Давида царството над Израилот засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен.«
6Но беше востанал Јеровоам, синот Наватов, слуга на Давидовиот син Соломона, и се побуни против господарот свој.
7И се собраа околу него луѓе долни, развратници и станаа против Ровоама, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив.
8А сега вие мислите да устоите против царството Господово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги направи Јеровоам за богови.
9Нели вие ги изгонивте свештениците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свештеници, какви што има при народите во другите земји? Секој, што доаѓа за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови.
10А кај нас – Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; на Господа Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата работа.
11Тие Му жртвуваат на Господа сепаленици, секое утро и секоја вечер, и миризливо кадиво, ги слагаат лебовите еден врз друг на чиста трпеза и ги палат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господа, нашиот Бог, а вие сте Го оставиле.
12И, ете, нам на чело ни е Бог и Неговите свештеници и громогласните труби, за да грмат против вас. Синови Израилеви, не војувајте против Господа, Бога на вашите татковци, зашто нема да успеете!
13Во тоа време Јеровоам направи заседа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата – зад нив.
14И кога се обѕрнаа Јудејците, – а тоа борба и отспреди и одзади; и повикаа кон Господа, а свештениците затрубија со труби.
15И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порази Јеровоама и сите Израилци пред Авија и Јуда.
16И синовите Израилеви почнаа да бегаа пред Јудејците; и Бог го предаде во рацете нивни.
17Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израилот петстотини илјади одбрани јунаци.
18Тогаш синовите Израилеви се смирија, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господа, Бога на татковците нивни.
19Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јесин со селата негови и Ефрон со потчинетите му села.
20И Јеровоам веќе не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре.
21Авија, пак, се засили; си зеде четиринаесет жени и роди дваесет и два сина и шеснаесет ќерки.
22Другите дела на Авија, делата негови и зборовите негови се опишани во записите на пророкот Ада.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.