Осија 8 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Непријателски напад.

1Стави ја трубата на уста! Непријателот како орел ќе налета на Домот Господов, оти тие го нарушија заветот Мој и го престапија законот Мој.

2Ќе викаат кон Мене: »Боже мој, ние Те познаваме; ние сме Израилот.«

3Израил го отфрли доброто; затоа непријател ќе го гони.

4Си поставаа цареви свои, без Мене; си избираа кнезови, пак без Мене; од среброто свое и од златото свое направија идоли: оттаму е погибелта.

5Те остави тебе телето твое, Самаријо; се распали гневот Мој против нив; до кога ли не ќе можат да се исчистат оние што се во Израилот?

6И него уметник го направил, тоа не е бог; затоа те мамеше телето твое, Самаријо.

7Бидејќи сееја ветар, бура ќе пожнеат; житни стебленца со корен тој не ќе има; зрното нема да даде брашно; ако, пак, и даде, туѓинци ќе го изедат.

8Проголтан е Израилот; меѓу народите сега е како негоден сад.

9Тие отидоа при Асирецот како див осел, кој самотно скита; Ефрем со подароци придобиваше благонаклоност спрема себеси.

10Па, иако праќаше дарови на народите, наскоро Јас ќе ги соберам, и тие ќе почнат да страдаат од царот и кнезовите;

11оти Ефрем изгради многу жртвеници за грев – за грев и му послужија тие исти жртвеници.

12Му напишав важни закони, но тој ги сметаше за туѓи.

13Во жртвените приноси Мене Ми принесуваат месо и го јадат; на Господа тие не му се угодни; сега Он ќе се присети за нивното бесчестие и ќе ги казни за гревовите нивни; тие ќе се вратат во Египет.

14Израил го заборави Создателот свој и си изгради идолски светилишта, а и Јуда изгради многу утврдени градови; но Јас ќе испратам оган врз градовите негови – и тој ќе му ги проголта дворците негови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help