1И му рече Господ Бог на Мојсеја, велејќи:
2»Кажи им на синовите Израилеви и речи им: Јас сум Господ Бог ваш.
3Не постапувајте според делата на Египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни според делата на земјата Хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони.
4Извршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, одете по нив, Јас сум Господ, Бог ваш.
5Пазете ги сите Мои наредби и сите заповеди и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ќе биде, Јас сум, Господа, Бог ваш.
6Никој не смее да се доближува до сродниците по тело, за да ја открие голотијата нивна. Јас сум Господ.
7И голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина.
8Голотијата на татковата жена не откривај ја: таа е таткова голотија.
9Голотијата на сестрата твоја, која е од татка ти или од мајка ти твоја, родена во куќата или надвор од куќата, да не ја откриваш голотијата нејзина.
10Голотијата од ќерката на синот твој или од ќерката на ќерката твоја, не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија.
11Голотијата на ќерката од татковата жена, не откривај ја, таа ти е сестра по татко.
12Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој.
13Голотијата на мајкината сестра не ја откривај, таа е од иста крв со мајката твоја.
14Голотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се доближувај, таа ти е стрина.
15Голотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син – затоа не ја откривај голотијата нејзина.
16Голотијата на братовата жена не откривај ја, таа е голотија на братот твој.
17Голотијата на жена и на ќерка и не ја откривај; ќерката на синот нејзин и ќерката на ќерката нејзина не ги земај, за да ја откриваш голотијата нивна: тие се од иста крв; тоа е беззаконие.
18Не земај ја за наложница сестрата на твојата жена за да ја откриеш голотијата нејзина пред неа, си уште додека е жива таа.
19И до жена, си додека трае чистењето од нечистотијата нејзина, не доближувај се за да ја откриеш голотијата нејзина.
20И со жената на ближниот твој не легнувај, за да излееш семе и да се оскверниш со неа.
21Од децата свои не му давај жртва на Молоха и не го обесчестувај светото име. Јас сум Господ.
22Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.
23И со ниедно четвороножно животно не легнувај за да излееш семе, па да се оскверниш со него; и жена не смее да легнува по ниедно четвороножно животно, за да се спои со него: тоа е гнасотија.
24Не осквернувај се со сево ова, затоа што со сето тоа се оскверниле народите, кои Јас сакам да ги отфрлам од вас;
25и земјата се оскверни од нив, и Јас ги казнив поради неа, и така земјата ги исфрли своите жители.
26А вие пазете ги сите Мои закони и сите Мои повелби и не вршете ниедно од сите овие гнасотии, ниту вие овдешните, ниту придојдените кои живеат меѓу вас,
27зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на таа земја, што беа пред вас, и земјата се оскверни;
28за да не се налути земјата и на вас, кога ќе ја оскверните, па да не ве исфрли, како што ги исфрли народите што беа пред вас.
29Зашто сите, што ги вршат овие гнасотии, ќе бидат истребени од народот свој.
30И така, пазете ги сите Мои повелби за да не извршувате ниеден од нивните гнасни закони, како што постапуваа оние што беа пред вас, и да не се оскверните со нив, оти Јас сум Господ, Бог ваш.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.