1Тогаш Мојсеј се искачи од рамнините Моавски на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Јерихон, и Господ му ја покажа целата земја од Галад дури до самиот Дан,
2и целата земја Нефталимова, и целата земја Ефремова и Манасиева, и целата земја Јудина, дури до самото последно море,
3и пустињата и полињата околу Јерихон, град на палми, дури до Сигор.
4И му рече Господ на Мојсеја: »Ете ја земјата, за која им се заколнав на Авраама, Исака, и Јакова, велејќи: ‚на вашето семе ќе им ја дадам‘; ти ја покажав на очите твои, но ти таму нема да појдеш.«
5И умре таму Мојсеј, слугата Господов, во земјата Моав, според зборот Господов;
6и го погребаа во земјата Моавска близу до домот Фогаров, и дури до денеска никој не знае каде е погребан.
7Мојсеј беше на сто и деведесет години кога умре; но видот не му беше ослабнат, и силата негова не му беше опаднала.
8И синовите Израилеви го оплакуваа Мојсеја во Аравот Моавски кај Јордан, близу до Јерихон, триесет дена. А по деновите за плачење настана тага по Мојсеја.
9И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше возложил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите Израилеви и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
10И не се појави веќе таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице;
11со такви знаци и чудеса, кои ги беше испратил Господ да ги изврши во Египетската земја над Фараонот, над сите слуги негови и над целата земја негова.
12Чудесни се и големи тие дела што Мојсеј ги изврши пред очите на целиот Израил, со силна рака и цврста мишка.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
