2. Макавејска 11 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Првата војна на Лисија.

1Сосема набргу Лисиј, царскиот роднина и намесник, поднесувајќи ги многу тешко и со голема огорченост последните настани,

2собра седумдесет илјади пешаци и коњаници и појде против Јудејците со намера Ерусалим да го направи елинска населба,

3и храмот слично на незнабожечките храмови, да го подложи на данок, а првосвештенството да се продава секоја година.

4Никако не помислуваше на Божјата сила, бидејќи се надеваше на множесвото пешаци и коњаници и на своите осумдесет слонови.

5Кога навлезе во Јудеја и наближи до утврденото место Ветсур, кое се наоѓа на пет стадии од Ерусалим, тој го опсади.

6Штом Макавеј и оние, кои беа со него, разбраа за опсадата на тврдината, почнаа да плачат и со солзи да Му се молат на Господа – да им испрати добар ангел за да ги спаси.

7А самиот Макавеј прв го зграби оружјето и ги поттикна другите заедно со него, изложувајќи се на опасност, за да им помогнат на браќата, и тие веднаш драговолно со него заедно појдоа во поход.

8Додека се наоѓаа уште близу до Ерусалим, веднаш им се покажа коњаник предводник, во бела облека, кој мафташе со своето златно ружје.

9Тогаш сите заедно Му заблагодарија на милосрдниот Бог и толку се охрабрија, готови да уништат не само луѓе, туку и диви ѕверови, па дури и железни врати да искршат.

10Одеа напред под закрила на небесниот соборец, кои им дојде од небото по милоста на Господа.

11Јурнаа на непријателот како лавови, убија единаесет илјади пешаци и илјада и шестотини коњаници, а сите други ги натераа во бегство.

12Поголемиот дел од нив беа ранети, а се спасија голи и без оружје, а и самиот Лисиј се спаси со срамно бегство.

13Но, бидејќи сепак разумен, размислуваше за поразот што го претрпе, па сфати дека Јудејците се непобедиви, дека Сесилниот Бог е нивни соборец; затоа прати до нив да ги увери,

14дека е согласен со сите законски и правични услови за мир и дека ќе го убеди и царот да им биде пријател.

15Макавеј, имајќи ја предвид само користа, се согласи со сѐ што му предложи Лисиј, а и самиот цар одобри си што му предложи Макавеј на Лисија во писмо по однос на Јудејците.

16А писмото, што им го испрати Лисиј на Јудејците гласеше вака: »Лисиј го поздравува јудејскиот народ!

17Вашите пратеници Јоан и Авесалом ни го предадоа потпишаниот одговор, застапувајќи се за тоа што беше напишано во него.

18Јас го известив за тоа царот, со што требаше да го запознаам, а тој го одобри сето она што беше прифатливо.

19Затоа, ако и понатаму имате добро расположение спрема државната управа, јас ќе ви помагам за добро.

20А што се однесува за подробностите, јас им порачав и на нашите и на вашите пратеници да водат преговори со нас.

21Останете со здравје! Сто четириесет и осма година дваесет и четврти ден од месецот Диоскор.«

22А писмото од царот имаше ваква содржина: »Поздрав од царот Антиох до братот Лисиј.

23Од времето, кога татко ми отиде при боговите, желба е – поданиците на нашето царство да не бидат вознемирувани, ако ги вршат своите работи.

24Кога чувме дека Јудејците не се согласуваат со елинските обичаи на мојот татко; туку го сакаат својот сопствен начин на живеење и бараат да се раководат според своите посебни закони,

25затоа, сакајќи тој народ да не биде вознемируван, заповедам нивниот храм да им биде вратен, така што да можат да живеат според обичаите на своите предци.

26Затоа добро ќе направиш, ако испратиш кај нив пратеници, кои ќе склучат со нив договор, па така да ги знаат нашите намери, да бидат спокојни и да се занимаваат со своите работи.«

27А царското писмо до јудејскиот народ имаше ваква содржина: »Царот Антиох до јудејските старешини и до сите Јудејци – поздрав.

28Се надеваме дека сте здрави, како што ви посакуваме, а ние сме здрави.

29Менелај ни соопшти дека сакате да се среќавате со ваши луѓе што живеат кај нас.

30Затоа на оние, што ќе дојдат до триесеттиот ден од месецот Ксантик, им ја подавам мојата десна рака за да им ја потврдам нивната безопасност;

31Јуејците можат да се хранат со својата посебна храна и да се управуваат по своите закони, како и порани, никој веќе нема да ги вознемирува за грешките од минатото.

32Јас го пратив кај вас Менелаја, за да ве успокои.

33Бидете здрави! Во сто четириесет и осмата година на петанесеттиот ден од месецот Ксантик.«

34На Јудејците им испратија писмо и Римјаните со следнава содржина: »Квинт Мемиј и Тит Манлиј, римски старешини, поздрав до јудејскиот народ.

35Она што ви го дозволил Лисиј, царевиот роднина, тоа ви го потврдуваме и ние.

36А за она, што тој сметал да му предложи на царот, размислете и вие добро, па испратете некого што побрзо за да можеме да направиме вам што ви е потребно, бидејќи ние веќе тргнуваме за Антиохија.

37Затоа побрзајте и испратете некого, за да знаеме и ние што мислите.

38Да сте живи и здрави! Во сто и четириесет и шестата година, на петнаесеттиот ден од месецот Ксантик.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help