Товит 4 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Товија упатен во Мидија.

1Во тој ден Товит си спомна за среброто, што го беше дал на чување кај Гаваила во Рага Мидиска,

2па си рече во себеси: »Јас ја барав смртта, а зошто не го повикам мојот син Товија и да го известам за ова додека не сум умрел?«

3Откако го повика, му рече: »Синко, кога ќе умрам, погреби ме и не ја оставај мајка ти; почитувај ја во сите денови на твојот живот, угодувај ѝ и не огорчувај ја.

4Спомнувај си, синко мој дека таа се измачила многу за тебе уште додека била бремена со тебе, а кога ќе умре, погреби ја покрај мене во истиот гроб.

5Синко, секој ден спомнувај си за Господа, нашиот Бог; не греши и не прекршувај ги Неговите заповеди. Прави праведни дела во сите дни на твојот живот и не оди по патиштата на беззаконието.

6Зашто, ако постапуваш според вистината, ќе успеваш во сите твои дела, како и сите оние што живеат праведно.

7Од имотот твој давај милостиња – да не жали твоето око. Не свртувај го лицето твое од сиромавиот, па и Бог нема да го сврти Своето лице.

8Кога имаш многу, давај од тоа милостиња, а и кога имаш малку, не плаши се да правиш милостиња и по малку:

9така ќе си собереш богато сокровиште за деновите на поголема нужда,

10зашто милостињата избавува од смрт и не дозволува да отидеш во темнина.

11Милостињата е добар дар за секого што ја прави пред Севишниот.

12Синко, пази се од секаков блуд и прељуба. Гледај жената твоја да биде од племето на твоите татковци; не земај туѓинка за жена, која не е од племето на татко ти, зашто ние сме синови на пророци; Ное, Авраам, Исак и Јаков се наши татковци уште од почетокот. Помни, синко, оти тие земаа жени меѓу своите браќа и дека беа благословени меѓу своите деца, нивното потомство ќе ја наследи земјата.

13И така, синко, сакај ги своите браќа и не се гордеј во срцето свое пред твоите браќа и пред синовите и ќерките на својот народ дотаму, за да не одбереш меѓу нив жена за себе; од гордоста произлегува голема пропаст и голема неуредност, а од развратот – само немаштина и пропаст; развратот е мајка на гладот.

14Платата на наемникот да не преноќева кај тебе, туку исплатувај им ја веднаш. Ако му служиш на Бога, и тебе ќе ти биде платено. Синко, добор размислувај за секоја твоја работа и биди внимателен во сите твои постапки и во сите твои однесувања.

15Она што не сакаш да ти се прави тебе, ни ти не прави му го на друг. Не пиј вино до опивање, и пијанството да не оди со тебе по патот твој

16Од лебот твој давај им на гладните, а необлечениот – со облека твоја облечи го; дели милостиња од сѐ што имаш во изобилие, а да не жали твоето око кога делиш милостиња.

17Раздавај го твојот леб на гробот од праведниците и не давај им го на грешниците.

18Барај совет од оној што е мудар, а корисен совет не отфрлај.

19Ве секое време благословувај Го Господа Бога и молу Му се да ги исправува твоите патишта, и сите твои намери и дела добро да завршат, зашто ниеден народ не може со успех да го заврши започнатото: Бог е Оној Кој го испраќа секое добро, а кога сака, според Својата волја, понизува. Синко, спомнувај ги моите поуки: никогаш да не бидат избришани од твоето срце!

20А сега, синко, ќе ти откријам, дека сум оставил десет таланти сребро на чување кај Гавриевиот син Гаваил, во Рага Мидиска.

21Не плаши се, синко дека сме осиромашени; ќе имаш многу, ако имаш страв од Бога, ако бегаш од секој грев и ако го правиш она што Му е угодно Нему.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help