Песна над песните 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пријателката тагува поради разделба.Возљубениот:

1Дојдов во градината своја, сестричке невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки со мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситете се, мили мои!

Возљубената:

2Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот возљубен, кој чука: »Отвори ми сестро, мила моја, гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја – со ноќна влага.

3Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измил нозете свои, како да ги валкам?«

4Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него.

5Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз држката од клучалката.

6Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душата ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше.

7Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваа градот, ме натепаа, ме изнаранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа ѕидиштата.

8Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, кажете му, дека изнемоштувам од љубов.

Хорот:

9Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?

Возљубената:

10Мојот возљубен е бел и румен, избран меѓу десет илјади други;

11главата негова – чисто злато; кадрите негови – брановидни, црни како гавран;

12очите негови – како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни;

13образите негови – ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови – кринови од кои капе чиста смирна;

14рацете негови – златни валци, опсипани со топази; стомакот негов – како сад од слонова коска, обложен со сафири;

15нозете негови – мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар;

16устата негова – сладост, и целиот тој е пожелен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, ќерки ерусалимски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help