1Еве ги синовите на Израилот: Рувим, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Завулон,
2Дан, Јосиф, Венијамин, Нефталим, Гад и Асир.
3Синови Јудини: Ир, Авнан и Силом, – тројцата му се родија од ќерката Сава, Хананејка. Ир, првенецот Јудин, беше лукав пред очите на Господа, и Он го уби.
4Тамара, негова снаа, му го роди Фареса и Зара. Сите синови на Јуда беа пет.
5Синовите Фаресови се: Есром и Јемуил.
6Синовите Зарови: Замври, Итам, Емуан, Калхад и Даралеј – сѐ на сѐ пет.
7Синови на Харми: Ахар, кој навлече беда врз Израилот, нарушувајќи ја заклетвата.
8Син Итамов: Азарија.
9Синови Есромови, што му се родија: Јерамеил, Арам и Халови.
10Арам, пак, го роди Аминадава: Аминадав го роди Наасона, кнез на Јудините синови;
11Наасон го роди Салмона, Салмон го роди Вооза;
12Вооз го роди Овида, Овид го роди Јесеја;
13Јесеј го роди својот прв син Елијава, вториот Аминадава, третиот Самеа,
14четвртиот – Натанаила, петтиот – Реила,
15шетстиот Асак, седмиот – Давида.
16Нивни сестри беа: Саруија и Авигеја. Синови Саруили: Авеса, Јоав и Асаил, – тројца.
17Авигеја го роди Амеса; а татко на Амеса беше Јотор, Исмаилец.
18Халев, синот Есромов, со жените Азува и Јериота, и еве ги синовите негови: Јасар, Сував и Ардон.
19Умре Азува, и Халев ја зеде за жена Ефрата, а таа му го роди Ора.
20Ор го роди Урија, а Уриј го роди Веселеила.
21Потоа Есром влезе при ќерката на Махира, Галадов татко, а ја зеде, кога тој беше на шеесет години, а таа му го роди Сегува.
22Сегув го роди Јаира; тој имаше дваесет и три града во Галадската земја,
23бидејќи од Гесурците и Сиријците ги зеде селата Јаирови и Кенат со селата, – шеесет градови. Сите тие градови беа на синовите од Махира, Галадовиот татко.
24Откако умре Есром во Халев-Ефрат, Есромовата жена Авија му го роди Асдома, татко на Текоја.
25Синови на Јерамеила, Есромов првенец, беа: првенецот Рам, по него Вуна, Оцем и Ахија.
26Јарамеил имаше и друга жена, по име Атара; таа беше мајка на Унама.
27Синови на Рама, првенец Јерамеилов, беа: Маас, Јамин и Акер.
28Синови Унамови беа: Сама и Садај. Синови Самаеви: Надав и Ависур.
29Жената Ависурова се викаше Авигеја, таа му ги роди Аузва и Молодија.
30Синови Надавови: Салад и Апфаин. Салад умре бездетен.
31Апфаиновиот син беше Јесеј, Јесеевиот син – Сосан, Сосановиот син – Дадај.
32Синови Јадови, Шамаев брат: Ахисама, Јетер и Јонатан; Јетер умре бездетен.
33Синови Јонатанови: Фалеф и Заза. Тоа се синовите Јерамеилови.
34Сосан немаше синови, туку само ќерки. Сосан имаше еден слуга, Египтјанец, по име Јераа.
35Сосан му ја даде ќерката своја за жена на својот слуга Јараа, а таа му го роди Етаја.
36Етај го роди Натана, Натан го роди Заведа;
37Завед го роди Офлада, Офлад го роди Јовида;
38Јовид го роди Иуја, Иуј го роди Азарија;
39Азарија го роди Хелиса, а Хелис го роди Елеаса;
40Елеаса го роди Сосомаја, Сосомај го роди Салума;
41Салум го роди Јекомија, Јекомија го роди Елисама.
42Синови на Халева, брат Јерамеилов, беа: Мариса, негов првенец, кој е татко на Зифа, а синовите на Мариса, Хевронов татко.
43Синови Хевронови: Кореј и Тафуј, Реком и Шема.
44Шема го роди Раема, Јерконов татко, а Рекем го роди Самаја.
45Самаевиот син беше Маон, а Маон беше татко Ветсуров.
46А Ефа, наложницата Халевова, го роди Арана, Моса и Газера.
47Синови Адаеви: Регма, Јоатам, Гирсом, Фалет, Гефа и Сегав.
48Моха, наложницата Халевова, го роди Севера и Тархана;
49таа го роди и Сагафа, таткото на Мадмина и Саула, таткото на Мадева и татко на Аговдвеја. А ќерка Халеова беше Асха.
50Еве ги синовите Халевови: син Ор, првенец од Ефрата; Совал, татко на Киријат-Јарима;
51Соломон, Ветлеамов татко; Арим, Ветгедоров татко.
52Совал, Киријат-Јаримовиот татко, имаше синови: Ара, Есиј, Аманит;
53Умасвај, Киријат-Јарим, Мифитин, Исаматим, Иса и Мареин. Од нив потекнуваат племињата: Саратеи и Естаго.
54Синови Салманови: Витлеемците и Нетофатците, Атаровците од Јоавовиот дом, и половината од Манатиевите Исари,
55племињата на писарите, што живееја во Јавис, Тарга, Тим, Саматим и Сахатим, тоа се Кенејците што дојдоа од Емат, од таткото на Рихавовиот дом.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.