1Синовите на Давида, што му се родија во Хеврон, беа: првенецот Амнон, од Ахиноама, Израилка; вториот – Далуија, од Авигеја, Кармилка;
2третиот – Авесалом, син од Маха, ќерка на гесурскиот цар Толомија; четвртиот – Адониј, син на Агита;
3петтиот – Сафатија, од Авитала; шестиот – Јетрам, од жена му Аглаја, –
4шестина што му се родија в Хеврон; тој царуваше таму седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
5Овие, пак, му се родија во Ерусалим: Сима, Совав, Натан и Соломон – четворица од Вирсавија, ќерката Амиилова;
6Евар, Елисама, Елифалет.
7Нагис, Нефек, Јафиј,
8Елисам, Елијадак и Елифелет – деветмина.
9Тоа се сите синови Давидови, освен синовите од наложниците. Сестра им беше Тамара.
10Соломонов син беше Ровоам, негов син – Авија, негов син – Аса, негов син Јосафат,
11негов син Јорам, негов син Охозија, негов син – Јоас,
12негов син Амасија, негов син – Азарија, негов син – Јотам,
13негов син Ахаз, негов син – Езекија, негов син Манасија,
14негов син – Амон, негов син – Јосија.
15Синови Јосиеви: првенецот Јоахаз, вториот – Јоаким, третиот – Седекија, четвртиот – Селум.
16Синови Јоакимови: Јехонија, син негов; Седекија, негов син.
17Синови Јахониеви: Асир, Салатиил, негов син;
18Мелхирам, Фадија, Анесар, Језекија, Осамон и Савдадија.
19Синови Салатаилови: Зоровавел и Семеј. А синови на Зоровавела: Мосолам, и Ананија, и сестрата нивна Салимина
20и уште петмина: Асувеј, Оел, Варахија, Асадија и Асавед.
21Синови Ананиеви: Фалтијас и Јесија; негов син Рафал, негов син Орна, негов син Авдија, негов син Сахенија.
22Син Сехениев: Самеа, синови Саминеви: Хатус, Јоил, Верија, Ноадија и Саф – шестмина.
23Синови Ноадиеви: Елионеј, Езекија и Езрикам – тројца.
24Синови Елионееви: Уадија, Елиасевон, Фадаија. Акаум, Јонан, Далеја и Анан – седмина.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
